Ременски по разрешувањето: Мојата битка не почна со функцијата


Фросина Ременски, по вчерашното разрешувањето од потпретседателското место во СДСМ, се огласи на „Фејсбук“. Таа вели дека нејзината битка за слобода, правда, одговорност и еднаквост не започнала со политичките или партиските функции, ниту пак ќе заврши без нив. „Битката за овие вредности на секој слободољубив и правдољубив човек започнува со самото негово раѓање, затоа што […]

Пратениците во ЕП за пет години може да заработат 525.000 евра


За пет години, секој 751 пратеник ќе добие месечна плата од 8.750 евра. За пет години, ова е околу 525.000 евра бруто. На оваа плата им се наплаќаат европските даночни и осигурителни придонеси. Кога ќе се одземе, останува 6.800 евра месечно. Повеќето земји-членки ги обврзуваат своите пратеници да платат дополнителен национален данок во матичната земја. […]

Колку големи и сјајни инвестиции ќе плати народот?


Пет големи инвестиции во Македонија, со најави за вложување на милионски суми, вработување на стотици лица и ветувања за посветла иднина сега се прпелкаат низ адвокатски роковници и арбитражни лавиринти. Колку тие ќе ги чинат даночните обврзници, од Владата велат дека е неблагодарно да се проценува, зашто се наоѓаат во иницијална фаза. „Како резултат на […]

Димитров: Брисел мора да ја препознае и награди успешната приказна


Северна Македонија очекува да добие зелено светло од ЕУ и годинава да ги почне прегoворите за членство, вели шефот на дипломатијата Никола Димитров во интервју за „Фајненшел тајмс“. Смета дека Брисел мора да ја препознае успешната приказна и да не ги отфрла аспирациите на Скопје за евроинтеграција, бидејќи во спротивно би ризикувал да го загуби влијанието на […]

Вебер: ЕПП има мандат за состав на нова Европска комисија


Водечкиот кандидат на Европската народна партија за функцијата претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, изјави дека ЕПП по европските избори, и покрај загубите, и понатаму останува најголема група во Европскиот парламент. -Не постои стабилно мнозинство во Европскиот парламент без Европската народна партија. ЕПП денес е најважната група ако ги погледнеме бројките, рече Вебер. По објавувањето […]

Најмалку 15 загинати во нереди во затвор во Бразил


Повеќе од 15 затвореници ги загубија своите животи во немири што избија вчера во северната бразилска држава Амазонас, објавија денеска официјалните претставници. Во затворот Анисио Жобим во Манас, главен град на Амазонас, изби масовен судир меѓу затворениците. Ситуацијата денеска е под контрола, а полициски хеликоптери и понатаму ќе го надлетуваат затворот. Во истиот зтавор, во […]

Земјотрес во Пехчево и Берово


Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутрина во 03:51 минута во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Епицентарот на земјотресот, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е регистриран на 13 километри северозападно од Пехчево. Земјотресот е регистриран од Телеметриската сеизмолошка мрежа […]

СПЦ подготвува стратегија за продолжување на дијалогот со МПЦ


Српската православна црква интензивно ја подготвува стратегијата за релативно брзо продолжување на замрзнатиот дијалог со Македонската православна црква, пишува денеска „Вечерње новости” . Весникот потсетува дека продолжувањето на дијалогот беше најавен по Соборот на СПЦ, но оти засега нема коментар од МПЦ. Во СПЦ се работи на стратегијата за дијалог во очекување на одговорот од […]

Трамп: На Јапонците ќе им продадеме 105 авиони Ф-35


Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека Јапонија планира купување 105 борбени авиони од американско производство Ф-35 што значи дека тоа ќе биде најголема флота на тие летала меѓу американските сојузници. – САД ги поддржуваат напорите на Јапонија да ги подобри своите одбранбени способности и во измиантите месеци им испративме голема количина воена опрема, изјави Трамп […]

Заев и Харадинај: Преку политика до семејни дружби


Една година по приватната посета во Приштина на сопружниците Зоран и Зорица Заеви, претседателот на владата на Косово, Рамуш Харадинај и неговата сопруга Анита ги „вратија“ гостите и изминатиот викенд дојдоа во Струмица. Големото пријателство на двајцата премиери отскокнува од протоколарните дружења во политичките кругови, пoради што јавноста е заинтересирана да дознае од кога потекнува […]

Бр. 419


Ерол Ризаов – Ни Господ, ни УНЕСКО неможат да го спасат Охрид Европејците гласаа, иднината на ЕУ неизвесна Измамените граѓани очајни – државата крева раменици Колку големи и сјајни инвестиции ќе плати народот? “Метлата” треба да замете по сите ќошиња По четири години Федерер се врати со победа на Ролан Гарос

Ципрас најави вонредни избори во Грција


Вонредни парламентарни избори најави премиерот Алексис Ципрас, како одговор на изборните резултати за еврoпските и на локалните избори во Грција, на кои неговата партија изгуби од водечката опозициска партија Нова Демократија. -Изборниот резултат не е соодветен на нашите очекувања. По вториот круг од локалните избори ќе побарам од претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори […]

Колективна чистка во СДСМ. Николовски си оди од владата


Љупчо Николовски е првиот министер за кој е се поизвесно дека ќе замине од владата, односно од челното место во Министерството за земјоделство. Според информациите од вечерашната седница на централниот одбор на СДСМ, Николовски ќе биде нов генерален секретар на партијата, на местото на разрешениот Александар Кирацовски. Со оглед на тоа што статутот на СДСМ […]

Мицотакис: Ципрас да даде оставка, Грција има потреба од нова влада


Премиерот мора да преземе одговорност и да даде оставка, а на земјата и е потребна нова влада, рече лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кусо откако беа соопштени првичните резултати од европските и локалните избори, според кои неговата партија има сигурна предност во однос на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина. -Грција има […]

Нова демократија со предност од девет проценти пред СИРИЗА


Опозициската Нова демократија води на европските избори во Грција, со 9 проценти предност во однос на владејачката СИРИЗА, според првичните официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, по преброени 13,23 отсто од гласовите, заклучно со 22 часот по локално време, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно:  Нова демократија 33,10 проценти СИРИЗА 23,99  […]

Највисок одѕив на изборите за ЕП во последните 20 години


Европскиот парламент соопшти дека одѕивот на гласачите за ова тело на ЕУ е највисок во последните 20 години и изнесува близу 51 процент, според прелиминарните податоци. Портпаролот на Европскиот парламент, Жом Душ Жило, рече дека тие податоци ги опфаќаат 27-те земји на ЕУ, но не и Велика Британија, за која се очекуваат во вечерните часови. […]

Избори за ЕП во Хрватска: ХДЗ четири, СДП три, пет листи по еден мандат


Според првите прелиминарни резултати, владејачката Демократска партија на Хрватска (ХДЗ) освои четири места, СДП три, додека Независната листа на Мислав Колакушиќ, Хрватски суверенитет, Жив ѕид, Амстердамската коалиција и Независни за Хрватска освоија по еден мандатот. Избирачките места беа затворени во 19 часот, а првите прелиминарни резултати се направени без гласовите од дијаспората.

Партијата на Марин Ле Пен победи во Франција според првичните проценки


 Партијата Националниот собир на Марин Ле Пен, според првите проценки од денешното гласање победи на европските избори, јавува дописникот на МИА. Крајно-десничарската партија предводена од Жордан Бардела доби 24 отсто од гласовите, односно може да се надева на 22 до 26 пратенички места во Стразбур. Партијата на претседателот Емануел Макрон доживеа пораз, со 22,5 отсто […]

Разрешени сите потпретседатели, секретари и извршниот одбор на СДСМ


Разрешено е целото раководство на СДСМ, според неофицијални информации од вечерашната седница на Централниот одбор на партијата. Разрешени се сите потпретседатели, ивршниот одбор на партијата, форумот на жени, како и генералниот и организацискиот секретар на партијата. За нов генерален секретар е избран министерот за земјоделство Љупчо Николовски

Каменос на Твитер: СИРИЗА се самоуби во Преспа


Во исто време додека грчките телевизии ги објавува т.н. exit polls, односно проценката на изборниот резултат од агенциите за истражување, лидерот на Независни Грци, Панос Каменос излезе со коментар на неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина. – СИРИЗА се самоуби во Преспа, напиша Каменос. Според проценките на изборниот резултат за евроизборите […]