Ципрас најави вонредни избори во Грција

Вонредни парламентарни избори најави премиерот Алексис Ципрас, како одговор на изборните резултати за еврoпските и на локалните избори во Грција, на кои неговата партија изгуби од водечката опозициска партија Нова Демократија.

-Изборниот резултат не е соодветен на нашите очекувања. По вториот круг од локалните избори ќе побарам од претседателот на државата да распише предвремени парламентарни избори за на крај грчкиот народ да биде оној што ќе ја даде конечната одлука, рече Ципрас во неговото обраќање неколку минути пред полноќ, откако неговата партија загуби и на европските и на локалните избори.

Грчкиот премиер рече дека нема намера да избега и нема да го игнорира резултатот од изборите.

Неофицијално во Грција, како и во изминатиот период, така и сега, како можен датум за избори се споменува 30 јуни.