Трамп: На Јапонците ќе им продадеме 105 авиони Ф-35


Американскиот претседател Доналд Трамп нагласи дека Јапонија планира купување 105 борбени авиони од американско производство Ф-35 што значи дека тоа ќе биде најголема флота на тие летала меѓу американските сојузници.

– САД ги поддржуваат напорите на Јапонија да ги подобри своите одбранбени способности и во измиантите месеци им испративме голема количина воена опрема, изјави Трамп на прес конференција во Токио каде е во четиридневна посета.

Јапонската валда за првпат издаде налог за купување 42 авиона Ф-35А во декември 2011 година, но во декември 2018 година нарачката беше дополнета. Тогаш беша најавено дека Токио планира да купи уште 63 авиони Ф-35А и 42 авиона Ф-35Б. На 29 март јапонската армија соопшти дека првата пратка од Ф-35А е со статус на почетна оперативна способност.