Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала е почувствуван изутрина во 03:51 минута во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, е регистриран на 13 километри северозападно од Пехчево.

Земјотресот е регистриран од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје