Димитров на состанок на земјите од Вишеградската група и Западен Балкан


Шефот на дипломатијата Никола Димитров утре на покана на словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак во Братислава ќе учествува на Министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан. Вишеградската група – В4, која ја сочинуваат Полска, Чешка, Словачка и Унгарија е традиционален поддржувач на европската перспектива на Балканот. Потврда за тоа, се наведува во соопштението на МНР, претставува […]

Ulen çmimet e derivateve të naftës


Komisioni Rregullator për Energjetikë në bazë të metodologjisë së re ka vendosur që prej sonte në mesnatë derivatet e naftës të shiten me çmim më të ulët, me çka benzina do të shitet për 1 denar më lirë derisa dizeli për 2 denarë. Kështu që nga mesnata SUPER 95 do të shitet për 71,00 denarë […]

Дизелот ќе поевтини за два денара, бензинот за еден денар


Од ноќеска на полноќ, бензините „Супер 95“ и „Супер 98“, поевтинуваат за еден денар и ќе се продаваат по цена од 71,00, односно 73,00 денари, додека дизел горивото ќе се продава поевтино за два денара и ќе чини 64,00 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) веќе ја усвои новата методологија за пресметка на […]

Бенон: Европските интеграции се мртви


„Откако на изборите за Европскиот парламент во Италија, Франција и во Британија, однесоа националистички и популистички партии, европските интеграции се мртви“, анализира поранешниот стратег на Белата куќа, Стив Бенон. Бенон смета дека резултатите од изборите покажуваат дека европскиот центар е урнат и дека тредиционалната десна и лева ориентација во политиката е заменета со битката на […]

Косовската опозиција се подготвува за уривање на Харадинај


Лидерот на најголемата косовска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа ги собра денеска во партиското седиште пратениците на својата партија на состанок, кој се одржува зад затворени врати, јави дописникот на МИА од Приштина. Според некои косовски медиуми, тема на дискусија на партискиот претседател со пратениците е покренувањето иницијатива за гласање недоверба […]

Професори во Тетово барале сексуални услуги за полагање на испит


Од 334 студенти кои биле анкетирани, 15 навеле дека им биле побарани сексуални услуги од професори на двата Универзитети во Тетово, покажа истражувањето што беше спроведено во рамки на проектот проектот „Родова дискриминација во средното и високото образование“, што го работат Феминистичкиот клуб и Студентскиот парламент при Универзитетот на Југоисточна Европа. Претежно таквите услуги биле […]

Пендаровски – Дивјак – Томиќ: Европски интегриран Балкан е важен предуслов за просперитетен регион


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ја прими амбасадорката на Република Србија, Душанка Дивјак – Томиќ. На средбата, двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, како и за актуелните состојби во регионот. Претседателот Пендаровски изрази уверување дека традиционалното пријателство меѓу двете земји и натаму ќе се зајакнува […]

СИРИЗА претрпе големи загуби во цела Грција, особено во северниот дел на земјата


По пребројаните 80 отсто од гласовите од вчерашните европски избори, картата на Грција е обоена во сина боја – бојата на опозициската конзервативна Нова демократија, со исклучок на шест изборни единици, што доволно говори за нејзината победа, но и за поразот на владејачката левичарска Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА). МИА ги анализира резултатите од евроизборите […]

Украина: Затворениците се забарикадираа, штрајк поради лоша храна


Украинската полиција соопшти дека четворица затворски стражари се повредени во судирите со затворениците кои се забарикадираа во затвор во пристанишниот град Одеса. Се наведува дека Серхиј Шајхет, шеф на истражното одделение на полицијата во Одеса, на телевизија изјавил дека полицијата преговара со затворениците. Според претходните извештаи, неколку затвореници се повредени, а некои успеале и да […]

Квитова се повлече од „Ролан Гарос“


Чешката тенисерка Петра Квитова, поради повреда на левото рамо, се повлече од Грен слемот „Ролан Гарос“. Оваа одлука, 29-годишната тенисерка ја објави на „Твитер“. – Имам лоши вести за вас. Длабоко сум разочарана што не можам да учествувам на турнирот „Роланд Гарос“. Бев загрижен за болката во мојата лева рака неколку недели, а вчера беше […]

„Рено“ и „Фијат“ ќе се спојуваат за производство на електрични автомобили


Францускиот производител на автомобили Рено соопшти дека со интересирање ќе ги проучи условите на предложеното спојување со Фијат Крајслер Автомобили (FCA). „По внимателно разгледување на условите од пријателскиот предлог на FCA, бордот на директори одлучи со заинтересираност да ја проучи можноста за таа деловна комбинација, од аспект на зајакнување на производните основи на групацијата рено […]

Тројца каталонски сепаратисти добија столче во Европарламентот


Тројца каталонски сепаратисти, односно поранешниот каталонски претседател Карлос Пуџдемон, неговиот заменик Ориол Јункерас и поранешниот каталонски министер Тони Комин, од кои едниот е во затвор, а двајца се во бегство, освоија пратенички места во Европарламентот. Според првичните резултати, по преброени 85 отсто од гласовите, тројцата сепаратисти добија столче во Европарламентот. Јункерас е во затвор во […]

Oд скандалот „Ибица“ најголем ќар виде Ред Бул


Произведувачот на енергетскиот пијалак „Ред Бул“ профитира од „скандалот Ибица“, поради кој оставка поднесе австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијхан Штрахе, што водеше до уривање на владејачката коалиција и на крај до смена на целата влада. Видео-снимката на која лидерот на Слободарската партија на Авцстрија (ФПО) Штрахе, во која на наводна внука на руски олигарх и нуди […]

Се реконструира улицата „Димитрија Чуповски“ во центарот на Скопје


Во следните 20 дена,  ќе се реконструира улицата „Димитрија Чуповски“ на должина од 240 метри, на потегот од крстосницата кај „Палома бјанка“ до крстосницата со булеварот „Свети Климент Охридски“. Почетокот на градежните работи на оваа сообраќајница денеска го означи градоначалникот Петре Шилегов. – Денеска екипите на Град Скопје почнуваат да работат на две позиции – […]

Натпреварот за зелени идеи е отворен до 2-ри јуни


Од 11-ти април до 2-ри јуни граѓаните кои сметаат дека имаат идеја за зелен, одржлив бизнис можат да аплицираат на натпреварот „Филантропија преку зелени идеи“. Здружението за социјални иновации „АРНО“ по петти пат го организира националниот натпревар за зелени идеи и ги охрабрува граѓаните да аплицираат со своја идеја за која можат да добијат 10.000 […]

За Анѓушев функциите се минливи, релаксиран е за најавените смени


Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска  изјави дека сите државни функционери треба да бидат свесни оти еден ден ќе ја напуштат функцијата, посочувајќи дека е релаксиран во однос на најавената реконструкција во Владата. – Чест е да се биде член на Влада, но исто така секој кој добил државна функција треба да биде свесен […]

Се огласи разрешениот Кирацовски : Ја оправдав довербата од Заев


Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, кој вчера беше разрешен од функцијата, вели дека одлуките на претседателот Зоран Заев се за заедничко добро на партијата каде што имало висока свест, демократска култура, другарство, визија и, заемна доверба. „Како поединци, не сме воопшто битни, кога станува збор за општото добро на граѓаните, на членството. Нашите функции […]

(Видео) Прв пат снимена албино панда во дивината


Во кинескиот Национален природен резерват „Волонг“ снимена е албино панда, објавија од резерватот. Фотографијата е снимена со инфрацрвена камера во април, околу 2.000 метри над нивото на морето во југозападната кинеска покраина Сичуан. Ретката панда снимена е додека шетала во една бамбусова шума, пренесе CCTV. Снимената панда на телото нема никакви темни дамки, а очите […]

Влијанието на технологијата објаснето преку детска претстава


Детската театарска претстава „Чек-ин пред зграда“ ќе ја има својата 50. изведба вечерва во кино „Фросина“ во Младински културен центар. Почетокот е закажан за 19 часот. Претставата ја разработува темата за модернизацијата, технологијата, интернетот и социјалните мрежи како неизбежна алка од времето во кое живееме. Несомнено зависноста од технологија, интернет и социјални мрежи кај младите […]

Спасовски и Сугарески ќе ги почитуваат одлуките на премиерот и лидер на СДСМ


СДСМ на вчерашниот Централен одбор донесе одлични одлуки и очекувам да се одржи нов Централен одбор на кој ќе се екипира новото раководство, изјави денеска во Куманово министерот за внатршени работи Оливер Спасовски кој вчера беше разрешен од функцијата потпретседател на партијата заедно со останатите петмина потпретседатели. Одговарајќи на прашање дали повторно ќе се кандидира […]