Дизелот ќе поевтини за два денара, бензинот за еден денар


Од ноќеска на полноќ, бензините „Супер 95“ и „Супер 98“, поевтинуваат за еден денар и ќе се продаваат по цена од 71,00, односно 73,00 денари, додека дизел горивото ќе се продава поевтино за два денара и ќе чини 64,00 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) веќе ја усвои новата методологија за пресметка на цените на нафтата и нафтените деривати. Од денеска секој понеделник според неа ќе ги одредува максималните малопродажни цени на горивата во земјава.