Рот: Договорот од Преспа игра клучна улога за мир и стабилност во регионот и следната грчка влада треба да се залага за тоа


Која влада и да победи во Грција сметаме дека ќе застане на ниво на одговорноста за мир, стабилност и помирување во регионот, за кое Договорот од Преспа игра клучна улога, вели заменик-министерoт за надворешни работи на Германија, Михаел Рот во изјава за „Дојче веле“ на грчки јазик во однос на тоа каква очекува да биде […]

„Талир“ одложен заради операција


Почетокот на судењето за случајот „Талир“ на СЈО, кој се однесува на финансирањето на ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно се одложи. Причината е хируршка интервенција на еден од обвинетите, поради што вчера се одложи и судењето за предметот „Титаник“. Во случајот „Талир“ обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на […]

Zaev dhe Angjushev paralajmëruan investim të ri të Tab mak në vend në vlerë prej 25 milionë eurove


Kompania sllovene Tab mak do të investojë 25 milionë euro duke hapur 90 vende të reja të punës në Probishtip dhe rrethinë. Investimin e ri e paralajmëruan kryeministri Zoran Zaev dhe zëvendëskryeministri për Çështje Ekonomike, Koço Angjushev nga Sllovenia, ku në suaza të vizitës zyrtare dyditëshe patën disa takime me kompani sllovene. “Në suaza të […]

Ndryshimet vijojnë në Qeveri


LSDM-ja këtë fundjavë në seancën e Këshillit Qendror të partisë e shkarkoi pothuajse tërë udhëheqësinë partiake. Nga funksioni janë shkarkuar tërë këshilli ekzekutiv i LSDM-së, të gjithë gjashtë nënkryetarët e partisë, sekretari i përgjithshëm, organizativ dhe ndërkombëtar, si dhe koordinuesja e Forumit të gruas. Kryeministri dhe lideri i partisë Zoran Zaev pas seancës paralajmëroi se […]

Во Париз стартува европската турнеја на Стинг: Мои песни, цел живот


Англија– Британскиот музичар Стинг го објави својот четиринаесетти студиски албум кој воедно е втор албум со 15 веќе добро познати песни кои сега звучат нешто поразлично затоа што се преработени во нов аранжман. Прв ваков албум Стинг објави во 2010-година со наслов „Simphonicities“. На новиот албум има 15 обработени верзии на најпопуларните песни од целата […]

Албанци, Срби и Бошњаци уапсени во операцијата на косовската полиција


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска нагласи дека во акцијата на специјалните единици на Косово, наречени Росу, уапсени се 23 лица од српската и бошњачката националност во северниот дел на Косово, претежно членови на косовската полиција. Според него, тоа е обид „за целосна криминализација на нашиот народ“. Вучиќ во српскиот Парламент рече дека досега на […]

Пацоли: Србија да не злоупотребува една вообичаена полициска операција


 Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли вели дека косовските граѓани уапсени во денешната полициска акција во северно Косово се „дел од мрежа која е длабоко вмешана во шверц, корупција, злоупотреба на службена должност и други видови организиран криминал“, јави дописникот на МИА од Приштина. Пацоли, кој учествува на состанокот во Братислава […]

Трамп семејно во Велика Британија: Со децата на вечера кај кралицата


САД- Американскиот претседател Доналд Трамп со цело семејство ќе пристигне во Велика Британија, во првата официјална посета, следниот месец, тврди „Њујорк тајмс“. Трамп планира да ги земе децата што работат со него во Белата куќа, но и другите деца, тврдат добро информирани извори. Патувањето вклучува средба со премиерката Тереза Меј, по повод јубилејот на денот […]

Куновска: Обрачот се стега околу водството на СДСМ, наскоро ќе се видат вистинските намери


Поранешната пратеничка и претседателка на скопската организација на СДСМ, Софија Куновска вели дека промените на „Бихаќска“ може да бидат корисни доколку се темелат на принципи, но се сомнева дека тоа е случај сега, иако ќе и биде драго ако времето ја демантира. „Впечатокот е дека обрачот се стега околу врвот на СДСМ. Лошото менаџирање со […]

Заев и Анѓушев најавија нова инвестија на Таб мак во земјава од 25 милиони евра


Словенечката компанија Таб мак ќе инвестира 25 милиони евра отворајќи 90 нови работни места во Пробиштип и околината. Новата инвестиција ја најавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев од Словенија каде што во рамки на дводневната официјална посета имаа неколку средби со словенечки компании. –Во рамки на нашата посета на пријателска […]

(Видео) Се очекува обраќање на Вучиќ во српското собрание


За околу половина час се очекува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, да се обрати пред пратениците во српското собрание, пренесуваат локалните медиуми. Нема сомнежи дека неговиот говор е поради утринската акција на косовската специјална полиција на северот на Косово, во општини населени претежно со Срби. Во меѓувреме, косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, на својот Твитер профил […]

Затворена за сообраќај една коловозна лента на автопатот Скопје – Велес


Левата коловозна лента од автопатот А1, на делот Скопје – Велес, меѓу наплатната рампа Сопот и Башино село денеска од 10 до 13 часот ќе биде затворена за сообраќај. Како што информира ЈП „Македонијапат“, прекинот е поради изведување градежни активности на оваа делница. На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат. Од […]

Вучиќ свика итна седница за национална безбедност поради Косово


Во Белград се одржува седница на Советот за национална безбедност, која српскиот претседател Александар Вучиќ ја свика по акцијата на косовските специјални сили на север во Косово и апсењето Срби. Претседателот Вучиќ ја предупреди Европската унија дека Србија ќе реагира ако косовските специјалци не се повлечат од северот на Косово, јави Танјуг. Двајца Срби се […]

Даночна инспекторка од Кавадарци обвинета за примање поткуп


 Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против даночна инспекторка за сторено кривично дело – примање поткуп, соопшти Јавното обвинителство. Обвинетата се товари дека како службено лице – даночен инспектор во Управата за јавни приходи при Министерството за финансии – даночно одделение Кавадарци, побарала парични средства од сметководител на правно лице од Неготино. Обвинетата која […]

Бранко Героски поднесе оставка од уредничкото место во „Слободен печат“


Бранко Героски утрово поднесе оставка на позицијата главен и одговорен уредник на „Слободен печат“, македонски дневен весник, што го покрена и го водеше пет ипол години. Во оставката, поднесена до Мирослав Јовановиќ, сосопственик и управител на „Слободен печат“ ДОО – Скопје, Героски вели дека неговата улога во покренувањето и во водењето на весникот во овие […]

Новите 100 и 200 евра се пуштени во промет


Новите банкноти од 100 и 200 евра од денеска се пуштени во промет, соопшти Европската централна банка (ЕЦБ). Тие се помали, потрајни и имаат нови иновативни безбедносни карактеристики кои го прават фалсификувањето тешко. Банкнотите се дел од едиција „Европа“ од која веќе се издадени и банкноти од  5, 10, 20 и 50 евра. Сто евра, […]

Турција и Куба работат заедно на вакцина и лекови против рак


Министрите за здравство на Турција и Куба, Фахретин Коџа и Хосе Анхел Портал, потпишаа протокол за формирање работна група за заедничко производство на вакцина и лекови против рак, како и за вакцини против инфекции. Куба има големо искуство во онколошката област. Делегацијата, во чиј состав е раководителот и претставници на кубанскиот Институт за лекови БиоКубаФарм, пристигнува […]

Авионот со финската хокеарска репрезентација придружуван од „ловци“


Авионот со кој финскиот хокеарски национален тим се врати во својата татковина по триумфот на Светското првенство беше придружуван од борбени авиони „ловци“. Фотографија на Твитер е објавена од страна на компанијата „Фин Ер“. Не е соопштено дали „ловците“ се ангажирани поради безбедносни причини или во чест на шампионите. Во финалето на Мундијалот, пред два […]

Британски МИ6 прошверцувал руски тајни во вреќичка чај на лет за Венецуела


Англија – Во заедничка акција на шпионската мрежа на МИ6, американската ЦИА и израелски Мосад, тајни руски податоци се прошверцувани во обична вреќичка чај, пишува таблоидот „Дејли Меил“. Според британскиот весник, тајните руски податоци се прошверцувани на лет на суперсоничен бомбардер за Венецуела. Целта на операцијата била да се добијат информации за најновата верзија на рускиот […]

Уапсен шефот на полицијата во Зубин Поток, косовските Срби го блокираат патот


Специјалните единици на косовската полиција, Росу, во акцијата што од утрово ја спроведуваат во општините со мнозинско српско население во северно Косово, го упасиле шефот на полициската станица во Зубин Поток, кој е од српска националност, меѓутоа за сега не успеваат да го спроведат пред истражните органи, јави дописникот на МИА од Приштина. Според информации […]