Авионот со финската хокеарска репрезентација придружуван од „ловци“


Авионот со кој финскиот хокеарски национален тим се врати во својата татковина по триумфот на Светското првенство беше придружуван од борбени авиони „ловци“.

Фотографија на Твитер е објавена од страна на компанијата „Фин Ер“.

Не е соопштено дали „ловците“ се ангажирани поради безбедносни причини или во чест на шампионите.

Во финалето на Мундијалот, пред два дена Финска ја победи Канада со 3:1 и по трет пат стана светски шампион.