Во Париз стартува европската турнеја на Стинг: Мои песни, цел живот


Англија– Британскиот музичар Стинг го објави својот четиринаесетти студиски албум кој воедно е втор албум со 15 веќе добро познати песни кои сега звучат нешто поразлично затоа што се преработени во нов аранжман.

Прв ваков албум Стинг објави во 2010-година со наслов „Simphonicities“.

На новиот албум има 15 обработени верзии на најпопуларните песни од целата кариера на Стинг како и од периодот кога тој бил член на бендот „Полис“.

Преку своите социјални мрежи, Стинг ги опишал новите верзии на песните како преработени, но со нов модерен аранжман.

Некои песни на албумот се ремиксувани користејќи елементи од оригиналните нумери додека пак другите добиле целосно нов аранжман.

Ремиксуваната верзија на „Brand New Day“ објавена е на 31-ви декември. Оваа верзија за првпат во живо била изведена на „Times Square“ истиот ден. Ремиксуваната верзија на „Desert Rose“ и неодамна снимената верзија на „Demolition Man“ биле достапни за преземање од 28-ми март 2019-та година.

Неговата турнеја „Мои песни “ (My Songs) почнува денес со концерт во Париз.

Светската ѕвезда Стинг (67) во Скопје на 2 јуни на Градскиот стадион  ќе го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот „My songs“ , во организација на „Авалон продукција“.

Стинг по втор пат го стави Скопје на мапата на својата турнеја низ регионот „My songs“. „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.

Влезниците во арената „Филип Втори“, ќе бидат во строго ограничен број, информираат од Авалон. Во договор со Cherrytree Management и Live Nation, организаторот, воопшто нема да ги пушта западна трибина (затоа што е далеку од бината) и источна трибина (затоа што бината ќе биде поставена на таа страна) во продажба, додека јужна и северна трибина ќе бидат адаптирани според продукцијата од техничкиот рајдер на менаџментот на Стинг.

Цената на билетите се движи од 1.500 денари за партер, пред бината за 3000 денари, сребрени седишта по 2000 денари, златни-по 3000 денари и ВИП за 5000 денари.

Гитарскиот крал  Влатко Стефановски, ќе биде специјален гостин концертот на светската ѕвезда Стинг. На Градскиот стадион ќе настапи пред него со едночасовен концерт, со нова формација. Влатко Стефановски трио, верзија 3, го сочинуваат и Јан Стефановски- тапани и Иван Кукиќ, на бас-гитара.

Влатко на пресот во Скопје најави дека внимателно го избира репертоарот кој ќе вклучи и стари, и нови песни.