Плоштадот се полни за папата, расположени гости од Хрватска


Веќе од раните утрински часови, плоштадот „Македонија“ во Скопје почна да се полни за свечената литургија на папата Франциск, кој во 8.15 часот слета на скопскиот аеродром. Граѓаните ги послушаа апелите на властите и порано пристигнаа на плоштадот. Полицијата спроведува низа безбедносни мерки и ги претресува граѓаните што влегуваат во оградената зона. Се очекува присуство […]

(Видео) Папата Франциск пристигна во Вилата Водно


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск пристигна во претседателската Вила Водно каде што треба да има обраќање пред државните власти, дипломатскиот кор и претставници на граѓанското општество. Папата изутрината околу 8 часот слета на Скопскиот аеродром каде што беше пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, но и на традиционален македонски начин, со […]

Над 300 новинарски екипи ја следат посетата на папата Франциск


Околу 250 домашни и повеќе од 100 странски медиуми денеска ја следат и ја пренесуваат историската посета на поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск на Република Северна Македонија. Меѓу странските акредитирани медиуми се Грчката национална телевизија, Бугарската национална телевизија, Ал Џезира Балкан, Војс оф Америка, Би-Би-Си, Зи дојче цајтунг и многу други медиуми. Инаку, денеска […]

Мијалков веднаш по изборите на слобода


Помалку од 24 часа по затворањето на гласачките кутии и изборот на Стево Пендаровски за претседател, поранешниот шеф на тајната полиција е пуштен на слобода, односно укинат му е и куќниот притвор кој му беше одреден за „Титаник 2“. Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 за куќниот притвор на Мијалков одлучувал по службена должност […]

Протести во Истанбул по одлуката за поништување на резултатите од локалните избори


Турција – Во неколку делови од Истанбул синоќа избија протести поради одлуката на турската Врховна изборна комисија да ги поништи резултатите од локалните избори на кои победи опозицијата. И Екрем Имамоглу од Републиканската народна партија, победник на изборите од 31 март и поранешниот премиер Бинали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот со соопштенија потврдија […]

Би-Би-Си: Папата Франциск на Балканот во обид да ги помири двете цркви


Англија – Папата Франциск со посетата на Република Северна Македонија и на Бугарија сака да го сврти вниманието на проблемите со кои се соочуваат сиромашните и бегалците, објави Би-Би-Си на српски јазик. Пред посетата папата изјави дека со доаѓањето во Република Северна Македонија и во Бугарија сака да искаже радост и пријателство, да го охрабри […]

(Видео) Папата Франциск пристигна на Скопскиот аеродром


Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, изутринава пристигна на аеродромот во Скопје со што ја почна историската Апостолска посета на Република Северна Македонија. Папата на аеродромот официјално ќе биде пречекан од претседателот Ѓорге Иванов и премиерот Зоран Заев, по што ќе се упатат кон претседателската вила Водно каде што ќе се одржи официјална церемонија, а тој […]

Специјален сообраќаен режим во центарот на Скопје


Поради посетата на Папата Франциск денеска сообраќајот во Скопје ќе се одвива по специјален сообраќаен режим како и траси на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје. Како што информираат од Град Скопје, во централното градско подрачје во Скопје, поточно појасот „Голем ринг“, утрово од 6 до 19 часот ќе има забрана и ограничување на сообраќајот. […]

ЕУ со критики поради одлуката за повторување на изборите во Истанбул


Белгија – ЕУ упати критики за одлуката на Врховната изборна комисија на Турција да ги поништи резултатите од изборите за градоначалник на Истанбул и да организира ново гласање на 23 јуни. Во заедничка изјава шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан се нагласува дека тоа решение е спротивно на самата […]

Анкета: Трамп го поддржуваат 45 отсто од Американците


САД- Популарноста на американскиот претседател Доналд Трамп е над 45 отсто според Институтот Галуп. Тоа се случува првпат откако Трамп влезе во Белата куќа на 20 јануари 2017 година. Според анкетата, 46 проценти од Американци ја поддржуваат политиката на Трамп. На почетокот на март неговата популарност беше 39 отсто. Според анкетата, зголемена поддршка за политиките […]

Скопје подготвено за историската посета: Папата во градот на Мајка Тереза


Со апел најголемиот христијански празник Велигден да го славиме заедно, папата Франциск ја напушти Бугарија. Денеска тој ќе пристигне во еднодневна посета на нашата земја. Градските и државните власти уверуваат дека се подготвени за дочекот на поглаварот на Католичката црква што ќе биде пренесуван низ целиот свет. Предвидени се низа мерки што ќе го блокираат […]

Г.г. Стефан: Ватикан подава рака кон нашиот народ и држава


Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан оцени дека денешната посета на папата Франциск претставува признание и почит кон државата и граѓаните. – Доаѓањето на неговата светост, пред се, го сметам како признание на Владата на Ватикан и на светата столица ватиканска, признание пред се на Република Македонија и подавање рака во […]

Патот до Аеродромот Скопје затворен за сообраќај од 7:30 до 9 часот и од 16:15 часот


Поради посетата на папата Франциск патот до Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај од 7:30 часот до 9 часот, поради што сите патици кои имаат утрински летови требаше да стасаат на аеродромот до седум часот. Како што соопшти концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија патниците кои ќе имаат вечерни летови, пак, треба да пристигнат […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Среќни и насмеани, си дозволувате да го култивирате својот дух на поегзотичен начин. Што значи тоа? Наместо брзање, денес доаѓате до добро здравје и емоционален баланс, преку кротење на својата импулсивна природа. Нежни и невини, вашите антени се добро изострени и токму сега ќе откриете кој ви е вистински пријател. Нови цели. БИК: Судбински […]

Бр. 403


Победа што опоменува Сивото наследство на Могерини Папата во градот на Мајка Тереза Кој победи кај Македонците и чии гласови беа Албанците? ВМРО се врати во игра, но е далеку е од победа Мијалков пуштен на слобода

Валверде: Ливерпул може да нè елиминира


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, разговараше со медиумите пред реваншот од полуфиналето во Лигата на Шампионите. На првиот меч, Каталонците остварија домашна победа со 3:0 и во голема мера го обезбедија своето учество во финалето на турнирот. – Резултатот нема да ни влијае. Треба да играме на ниво и во реваншот, како што го направивме […]

Суперлига: МЗТ со убедлив триумф во вечното дерби против Работнички


Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва во СЦ „Јане Сандански“ издвојуваа убедлива победа од 85-63 (48-36) над вечниот ривал Работнички, во меч од шестата рунда во Суперлигата. За тимот на Марин Докузовски ова беше трет пораз во низа. „Металците“ доминираа на средбата, постојано го зголемуваа водството и во ниту еден момент не ја доведоа во прашање […]

Заев испрати писмо со сочувство до Медведев за авионската несреќа во Москва 


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев испрати писмо со изрази на сочувство за загубените животи и повредените лица во трагичната авионска несреќа на аеродромот Шереметјево во Москва, до премиерот на Руската Федерација Дмитриј Медведев. -Со жалење ја примив веста за авионската несреќа. Од името на Владата на Република Северна Македонија и од […]

Суарез: Нема да прославувам, ако постигнам гол против Ливерпул


Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез се враќа во Ливерпул за прв пат од 2014-та година наваму. Причината е реваншот меѓу двата тима во овогодинешното издание на Лигата на Шампионите во полуфиналната фаза. Суарез беше предмет на многу коментари по успехот со 3:0 на „лос кулес“ над англискиот клуб. Имено „Ел Пистолеро“ го отвори резултатот, изразувајќи […]

Барса ќе му помогне на ПСЖ со финансискиот ферплеј


Барселона размислува да го купи офанзивниот фудбалер на Пари Сен Жермен, Анхел Ди Марија идното лето. Аргентинецот има продуктивна кампања во Париз, откако забележа 17 гола, а исто така асистираше за други 15 во 41 натпревар за францускиот хегемон. Триесет и едно годишниот фудбалер потпиша нов договор со тимот од „Парк де Пренс“ во подоцнежните […]