(Видео) Папата Франциск со „папамобилот“ пристигна на плоштадот „Македонија“


Папата Франциск претпладнево пристигна на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде што беше пречекан од мноштвото собрани граѓани. Папата на плоштадот дојде со т.н. „папамобил“ поздравувајќи се со граѓани и верници. Тој на скопскиот плоштад ќе одржи миса на која ќе присуствуваат околу 15.000 граѓани. Поглаварот на Римокатоличката црква претходно имаше средби со државниот врв во […]

Холандија: Брисел треба да се замисли, најнапредните земји го избегнуваат


  Европската унија треба да се погледне во огледало и да се запраша зошто не успева да ги привлече најнапредните земји во свое полноправно членство, изјави холандскиот министер за финансии Вопке Хоекстра. Тој за британскиот дневник „Financial Times” изјави дека катастрофално е тоа што земји како Норвешка не сакаат во ЕУ, а други држави, како […]

Курц побара прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција


Австрискиот канцелар Себастијан Курц упати критика поради одлуката за анулирање на резултатите од локалните избори во Истанбул, истакнувајќи дека тие што не прифаќаат демократски избори нема што да бараат во Европска Унија. Тој исто така побара конечен прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција. – Неопходно е ЕУ чесно да се однесува кон Турција, […]

Заев на средба со Папата Франциск: Апостолска посета е инспирација за народот


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и Неговата Светост Папата Франциск остварија одделна заедничка средба во рамките на програмата на апостолската посета на Неговата Светост и прв свештеник на Католичката Црква. На средбата, уште еднаш беше потврдена вековната духовна врска меѓу папската држава и нашата земја воспоставена со мисијата на сесловенските просветители, […]

Прва проба на Тамара на Евросонг


Нашата евровизиска претставничка Тамара денес ќе ја има првата проба (и уште две, пред полуфиналето на 16 мај) со песната „Proud“ на сцената на центарот „Експо Тел Авив“  во Тел Авив. Сценскиот настап се подготвува во консултација со тим од Шведска. -И покрај заканите што ги добива „Евросонг“, во Тел Авив се чувствувам најбезбедно. Кога […]

Папата Франциск се сретна со лидерите на верските заедници и со група граѓани од ранливите категории


Папата Франциск претпладнево во Спомен куќата на Мајка Тереза имаше средба со лидерите на верските заедници во земјава и со претставници на граѓани од ранливите категории. На средбата со папата присуствуваа поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан и поглаварите на Исламската верска заедница Сулејман Ефенди Реџепи, на Евангелско-методистичката црква Михаил Цеков и на Еврејската заедница Берта […]

Џорџ Клуни кум на бебето на Меган и Хари?


Англија– Штотуку британскиот принц Хари и Меган Маркл го добија првото бебе, а британските медиуми веќе почнаа да шпекулираат кој би можел да му биде кум. На прво место, судејќи по пишувањата на таблоидите, се наоѓа оскаровецот Џорџ Клуни, кој е роден на истиот ден со малиот принц. Амал и Џорџ Клуни се блиски пријатели […]

Премиерот на Австралија маван со јајце, уапсена една жена


Една жена е уапсена откако фрлила јајце врз австралискиот премиер Скот Морисон за време на настан во рамки на кампањата за изборите, кои ќе се одржат на 18 мај, соопшти полицијата на сојузната држава Нов Јужен Велс. Како што пренесуваат австралиските медиуми, обезбедувањето брзо ја совлада и тргна 25-годишната жена. Според полицијата, никој не е […]

Астматичарите бараат инхалаторите да бидат надвор од квотите


Астматичарите, кои во државава бројат од 80.000 до 100.000, секојдневно се соочуваат со проблем, оти не можат во аптеките да ја најдат инхалаторната терапија која е на позитивна листа, а им ја препишале лекарите. Пулмолозите се обратиле со молба до Фондот за здравствено осигурување со предлог оваа терапија да биде ставена надвор од квотите и […]

(Видео) Папата Франциск се помоли пред споменикот на Мајка Тереза во Скопје


Папата Франциск по средбата со државниот врв и дипломатскиот кор во „Вила Водно“ претпладнево пристигна во Спомен куќата на Мајка Тереза. Папата со наведната глава се помоли пред споменикот на Мајка Тереза и положи цвеќе. Тој е придружуван од четири чесни сестри кои и припаѓаат на редот што го основа Мајка Тереза. Во спомен куќата […]

Иванов: Да ја препознаеме симболиката на оваа посета и да си простиме и се сплотиме, додека не е предоцна


Претседателот Ѓорге Иванов, во обраќањето во рамки на посетата на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска од Вила Водно ги повика граѓаните на помирување и простување, сплотување за духовна обнова на Македонија. -Сакам да упатам повик до сите мои сограѓани, до сите со добра волја и чисти срца, независно дали припаѓаат кон православната, католичката […]

Двајцата новинари на Ројтерс ослободени од затворот во Мјанмар


Мјанмар– Двајцата новинари на Ројтерс, кои поминаа 500 дена во затворот во Мјанмар за истражување злосторства над муслуманското малцинство, денеска се ослободени. Ва и Кјав се најдоа на списокот од 6.520 затвореници кои ги помилува мјанмарскиот претседател Вин Мјинт. Ова е трето помилување што Вин го потпиша по повод традиционалната Нова година, која во Мјанмар […]

„Петрунија“ во француските кина и во рецензиите на медиумите


Од 1 мај почна дистрибуцијата на филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар-Митевска во Франција и поради одличниот првичен прием, дистрибутерската куќа „Пирамид“ реши во втората недела да го зголеми бројот на кината, од 72 на 96, во кои се прикажува филмот низ цела Франција, соопшти продукцијата „Сестри и брат Митевски“.  Од почетокот […]

Војна на авио-компаниите, компјутери одлучуваат, авиони паѓаат


  Во два дена две авионски несреќи, во Москва и во Мексико. Неодамна се урна и етиопски авион. Се поставува прашањето, зошто сѐ почесто се случуваат авионски несреќи? На московскиот аеродром „Шереметјево“, при принудно слетување, се запали „сухој суперџет 100“, на компанијата „Аерофлот“. Загинаа 41 лице, а преживеаја 33 патници и четворица членови на посадата. […]

Папата Франциск: Република Северна Македонија е мост помеѓу Истокот и Западот


Република Северна Македонија е мост помеѓу Истокот и Западот и место каде се среќаваат голем број културни струи, и претставува олицетворение на карактеристиките на регионот. Преку елегантните сведоштва на Византиското и Отоманското минато, возвишени ѕидини и величествени иконостаси во древните цркви, кои говорат за христијанското присуство што датира од апостолски времиња, Северна Македонија ја одразува […]

Јулските сметки за струја чекајте ги од „ЕВН хоум“


Сметките за струја за домаќинствата и малите потрошувачи што останаа на регулираниот пазар, почнувајќи од први јули, ќе доаѓаат од „ЕВН хоум“. Тоа е новата компанија која ќе ги снабдува со електрична енергија потрошувачите што останаа на регулираниот пазар. „По завршувањето на тендерската постапка и потпишувањето на договорот меѓу Владата и победниците на тендерот – […]

(Фото) Пола Холивуд во Версаче: Откачен црвен килим на Мет гала


САД– Модната куќа „Версаче“ го облече пола Холивуд на црвениот килим на Музејот „Метрополитен“ синоќа во Њујорк. Институтот за костимографија секој прв понеделник во мај  го организира добротворниот престижен настан, со најголемите холивудски ѕвезди , а темата на модната изложба годинава е – Camp: Notes of Fashion (Камп: Белешки за модата). Камп во овој контекст […]

Земјите од Г-7 ја усвоија Повелбата од Мец под притисок на итноста на еколошката ситуација


Повелбата за биолошка разновидност, наречена „Повелба од Мец“, беше усвоена од страна на седумте најразвиени земји  во светот, јави дописникот на МИА. Никој денес не се осмелува да  ја негира важноста на еколошката криза или итноста на климатската ситуација. Министрите на Г-7 за животната средина кои се состанаа во Мец на 5 и 6 мај, […]