Осигурувањето на живот бележи најголем кумулативен раст од 455 проценти


Во последната деценија нашата земја во сегментот осигурување на живот бележи најголем кумулативен раст од 455 проценти и просечен годишен раст од 21 отсто меѓу земјите од Југоисточна Европа, рече претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Климе Попоски, на Меѓународната конференција за синергијата помеѓу осигурувањето на живот и пензиското осигурување […]

САД повлекуваат милиони бебешки лежалки „Фишер-Прајс“


Милиони лежалки за бебиња на производителот „Фишер-Прајс“ се повлечени од пазарот по смртта на повеќе десетици новороденчиња, соопшти американската Комисија за безбедност на потрошувачите (ЦПСЦ). – Смртта на бебињата се случи во лежалките Рок енд Плеј, откако новороденчињата се вртеле на стомак или странично додека не биле под надзор, или, пак, во други околности, наведува […]

Почина Алајдин Демири, поранешниот градоначалник на Тетово


Поранешниот градоначалник на Тетово, дипломат, политички аналитичар и универзитетски професор, Алајдин Демири почина на 65-годишна возраст. Toj важеше за одличен познавач на политичката состојба во земјата. Семејството соопшти дека погребот на Демири ќе се одржи денеска во Тетово, објави ТВ 21.

Викенд за пребројување во Скопје


На крајот од втората недела во кампањата за претседателските избори, најголемите партии го селат својот караван во Скопје. И власта и опозицијата ги испланираа своите ударни митинзи викендов, каде се очекува да ги испратат финалните пораки до противниците, како и до своите партиски членови. Вообичаено за практикување политика на овдешен начин, се очекува масовно присуство […]

Стевоски вети реконструкција на магистралниот пат од Охрид до Свети Наум


Стевче Стевоски, кандидатот за градоначалник на Охрид поддржан од партијата Демократи, денеска најави дека доколку ја добие поддршката на граѓаните, целосно ќе го реконструира магистралниот пат од Охрид до Свети Наум, притоа прозивајќи ги двете најголеми партии за лажните ветувања токму по прашањето. Стевоски рече дека патот е една од децениските лаги на СДСМ и […]

Уапсен Србин осомничен за воени злосторства во Косово


Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека врз основа на претходно распишана потерница вчера е уапсено лице од српска националност, осомничено за извршени воени злосторства во војната во Косово во 1999 година. Според соопштението, лицето со иницијали З. К. се сомничи за извршени злосторства врз цивилно население во селото Горно Неродиме во општина Урошевац. Со одлука […]

Уапсен шведски програмер, соработник на Асанж


Шведскиот програмер Ола Бини е уапсен на аеродром во еквадорскиот главен град Кито, кој е обвинет дека планирал да го уценува претседателот на државата Ленин Морено бидејќи ја повлекол поддршката на својата земја кон основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. При апсењето, 36-годишниот Бини кај себе имал најмалку 30 електронски апарати за складирање. Западните медиуми наведуваат […]

Поддршка од Чешка за почеток на преговорите со ЕУ


Претседателот на Владата на Република Чешка, Андреј Бабиш на билатералната средба со премиерот Зоран Заев на маргините на 8. Самит на шефови на влади од земјите на ЦИЕ и НР Кина од процесот на соработка 16+1, изрази недвосмислена поддршката за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ. -Во однос на нашите евроатлантски интеграции и […]

Протест на српската опозиција пред Парламентот во Белград


Пред Парламентот во Белград денеска во 15 часот ќе се одржи протест против актуеланата власт „Сите како еден – Еден од пет милиони“. Лидерите на опозицискиот Сојуз за Србија апелираа до граѓаните мирно да го изразат своето незадоволство кон „режимот“ на владејачката Српска напредна партија (СНС). Според најавите од СЗС, на учесниците во протестот ќе […]

Саботно дружење и модни совети со Кире Лазаров и Столе Стоилов


Не пропуштајте саботна дружба, фотографирање и модни совети со играчите на националниот ракометен А тим: Кире Лазаров, Столе Стоилов, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Кузмановски и Филип Талески. Денес, од 14, 30 до 16 часот, во продажниот салон на „Ребека“ во Скопје, ве чекаат и други изненадувања.  

Ќе нема веќе „бугарски земји“ во учебниците


На дводневната, петта средба на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, која се одржа во средата и четвртокот во Софија, експертите работеле на забелешките во учебниците по историја за петто одделение во бугарскиот образовен систем и шесто одделение во македонскиот образовен систем за периодите на праисторијата и антиката. По дискусиите […]

Асанж се наоѓа во строго обезбедуваниот затвор Белмарш


Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж е однесен во затворот Белмарш во југоисточниот дел на Лондон, открива неименуван британски судски извор. Затворот Белмарш е силно обезбедуван, со капацитет до 910 затвореници, меѓу кои има и такви што предизвикуваат голем медиумски интерес. Меѓу нив беше Роналд Бигс, еден од извршителите на грабежот на поштенскиот воз од Глазгов […]

Одобрен предлог-законот за пристапниот протоколот за НАТО


Белгискиот Совет на министри синоќа го одобри предлог-законот за пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, прв чекор кон целосна ратификација јави дописничката на МИА од Брисел. На предлог на премиерот Шарл Мишел и министерот за надворешни работи, Дидие Рејндерс, советот на министри на белгиската влада го одобри предлог-законот за зачленувањето на Северна Македонија во Алијансата. Пред […]

Пендаровски, Силјановска или Река: Кој има подобар стил?


Леле, колку костумите добро му стојат на Пендаровски. А вратоврските ич не му се здодевни. А Силјановска, зошто се шета ненашминкана. Барем кармин да стави. А изгледа омилени ѝ се карнерите, секоја втора кошула ги има. Види го ти Река – елегантен, баш како професор и ексамбасадор. Вака коментира македонската јавност додека ги гледа претседателските […]

Тевдовски и Ангеловска-Бежоска: Денарот е стабилен, економијата закрепнува


Денарот е стабилен, економијата закрепнува и веќе почнува да остварува подобри стапки на раст, оценуваат министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Гласот на Америка“ по Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон. -ММФ и светска банка ги намалија прогнозите за растот на […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Можни се потешкотии, но ќе ги надминете со голема доза на храброст: освојувајте го својот личен суверенитет чекот по чекор и бидете спремни за борба. Прашајте се добро дали вреди да бидете сами или да уживате во некое убаво друштво. Не ги повторувајте старите работи, туку фокусирајте се на вистината. Нови предизвици. БИК: Цврсто […]

Во Шведска уапсен обвинетиот за 27 април кој беше во бегство


Шведската полиција го уапси Дејан Давиовски кого македонските власти го бараат по потерница од Интерпол за упадот во Собрание на 27 април. Шведските медиуми објавија, а обвинителството потврди дека Давидовски е уапсен на аеродромот во Стокхолм, каде пристигнувал од Софија, на 7 април. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција преведува докази со кои […]

Река: Концептот „За република“ значи правна држава еднаква за сите


Во држава каде што граѓаните не се чувствуваат еднакви и каде имаме неодговорни политичари, како во изминативе 18 години, а тоа предизвика голем егзодус, треба да ги смениме нештата, истакна вечерва во Кичево, претседателскиот кандидат на Алијанса на Албанците и Движењето Беса, Блерим Река. Река, на митингот најдолго говореше за неговиот концепт „За република“, што […]

Кирацовски: Сите релевантни анкети предвидуваат победа на Пендарвоски, одиме напред


Во вечерашната дебата на „Топ тема„, генералниот секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб, Александар Кирацовски, рече дека последната анкета на Телма, како и сите релевантни анкети предвидуваат сигурна победа на Стево Пендаровски на претседателските избори и сериозна предност уште во првиот изборен круг. -Сите релевантни анкети го покажуваат трендот, расте поддршката за Стево […]

Anketë: Pendarovski 3.7 përqind para Siljanovskës


Kandidati për president i LSDM-së Stevo Pendarovski kryeson me 3.7 për qind diferencë para kandidates së VMRO-DPMNE-së Gordana Siljanovska Davkova tregon anketa e re e porositur nga Televizioni “Telma”, ndërsa e përpunuar nga Instituti për Demokraci Societas Civilis në bashkëpunim me QMBN-në. Sipas anketës, Pendarovski ka marrë mbështetje prej 27.2 për qind të të anketuarve, […]