Каминис: Тужба од неонацистичка криминална организација значи дека ја правиш вистинската работа


Кога те тужи неонацистичка криминална организација, значи дека ја правиш вистинската работа, одговара градоначалникот на Атина, Јоргос Каминис на тужбата од Златна зора поднесена поради одлуката на општинскиот совет да не отстапи плоштади и места од градот за штабови на партијата во пресрет на изборите, јави дописничката на МИА од Атина. – Кога те тужи […]

Паднаа социјалните мрежи ширум светот


Светските медиуми пренесоа дека паднаа социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Вацап. Бројни корисници ширум светот се жалат дека дека не можат да пристапат до своите кориснички сметки на овие мрежи. Проблем со Фејсбук има и во Македонија.

Метеоролози: Светот ќе се соочи со најтоплата деценија досега


Прогнозите покажуваат дека температурите на секои следни пет години веројатно ќе бидат за еден степен повисоки од нивото во прединдустрискиот период, наведува Британската метеоролошка служба. Светот веројатно се наоѓа пред најтоплите десет години од кога почнало регистрирањето на температурните рекорди во 1850 година, тврдат научниците. Во следните пет години постојат и шанси да се соочиме […]

Уапсен 22-годишник кој превезувал 11 мигранти


Полицијата синоќа уапсила 22-годишник од село Петралица кој превезувал 11 мигранти – шест од Авганистан, тројца од Сирија и по еден од Ирак и  Пакистан, соопшти Министерството за внатрешни работи. Околу 22 часот на автопатот А1 Неготино – Градско, кај археолошкиот локалитет Стоби, полицајци од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ запреле патничко мoторно возило […]

Медиумите уште денеска и утре може да објавуваат резултати од анкети за изборите


Медиумите уште денеска и утре може да објавуваат резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес. Според Роковникот на Државната изборна комисија, резултатите од анкетите може да се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на претседателските избори и вонредните локални во три општини, односно рокот истекува утре на полноќ. […]

Скопски филмски фестивал од 17 до 25 април


Со премиерата на првиот долгометражен игран филм на режисерката Марија Џиџева – „Втора шанса“, в среда во кино „Милениум“ ќе биде отворен 22. Скопски филмски фестивал кој до 25 април ќе прикаже 50-ина филмови во неколку програми. Македонско-српската копродукција „Втора шанса“, кој работно беше насловен „Жртва“, испреплетува приказни за три жени кои се обидуваат да […]

Tevdovski: 15 million euros in EIB loan for SMEs to be transferred next week


The first tranche of affordable loans, estimated at €15 million, for small and medium-sized enterprises (SMEs) will be transferred next week through the European Investment Bank (EIB), it was announced at a meeting of Finance Minister Dragan Tevdosvki with EIB Vice President Andrew McDowell. “It is part of the complete credit line for small and […]

IBNA / Meleșcanu: I am very grateful for the effort of Greece and North Macedonia


In his exclusive interview with IBNA, Minister of Foreign Affairs Teodor Meleşcanu states his gratefulness for the effort of Greece and North Macedonia to reach the Prespa Agreement. The Prespa Agreement is a very good example for the other countries of the Balkans. A lesson indicating that if there is will, any differences can be […]

Хорор во Непал: Судир на авион и хеликоптер, тројца загинати


Најмалку три лица загинаа денеска, а четири се повредени кога мал патнички авион удрил во хеликоптер, кој бил приземјен на аеродром во регион на планината Монт Еверест во Непал. Несреќата се случила додека мал авион на компанијата „Самит Ер“ се обидувал да полета од местото Лукла кон Катманду. Авионот свртел на пистата и удрил во […]

ЗНМ: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за етикетирањето медиуми


Здружението на новинарите на Македонија реагира на говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Крушево и смета дека е непримерно и недолично за еден лидер на политичка партија да етикетира медиуми. -Мицкоски за време на митингот во Крушево, кажа дека СДСМ ги вклучило своите скапо платени главни уредници и медиуми да лиферуваат анкети. Настапот […]

Филипче: Општата болница во Кочани нема да се затвора


Министерот за здравство Венко Филипче ја посети општата болница со проширена дејност во Кочани. На средбата со стручниот колегиум од болницата, потенцираше дека оваа болница нема да се затвора и истите услуги кои досега беа давани ќе продолжат да се даваат на пациентите од Кочани и околните места, соопшти денеска Министерство за здравство. -Критикувани бевме […]

Пожар зафати куќа во центарот на Кавадарци


Пожар зафати куќа во строгиот центар на Кавадарци, рано изутрина во 03.30 часот, избегнати се поголеми штети, како и зафаќање на соседните објекти. -Благодарение на интервенцијата на кавадаречките пожарникари и помошта од сограѓани, пожарот беше локализиран, велат очевидци за МИА. Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, информираат дека интервенирале околу час и половина со четири […]

Пендаровски во Скопје, Силјановска во Велес и Свети Николе, Река во Желино


Кампањата за шестите претседателски избори денеска продолжува со претставување на програмите на тројцата кандидати. Кандидатот за претседател од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски денеска во 14 часот ќе одржи централен митинг Скопје кој ќе се одржи пред Делегацијата на ЕУ, а ќе почне со граѓански марш од пред зградата на Црвениот крст. Кандидатот за претседател […]

Хамилтон победи во Кина и излезе на чело на табелата


Големата ѕвезда на Мерцедес, Луис Хамилтон го освои денешното Гран При на Кина, третиот круг од сезоната 2019 во Формула 1. Петкратниот светски шампион започна втор, но уште на излез од првата кривина го претекна клубскиот колега Валтери Ботас и ја поведе колоната. До крајот, Луис не остави шанса на болидите зад себе и со […]

Владини функционери поседуваат акции во големи компании


Покрај функцијата, добар дел од актуелните владини функционери се сопственици или поседуваат акции во познати компании и друштва во земјата. „Гранит“, „Бетон“, „Макпетрол“… се најдоа помеѓу субјектите каде што актуелните министри имаат удели. СКУП, во рамките на проектот ПЕП, истражуваше кои сè министри имаат акции што ги имаат пријавено во Државната комисија за спречување на […]

Рашити и Минов го зголемија имотот, пет пратеници со нови автомобили


За период од три месеци, пратениците Сурија Рашити и Панчо Минов се потешки за 173 илјади евра, а Љубен Арнаудов и Сашо Василевски се полесни за 217 илјади евра, покажуваат најновите податоци што функционерите ги имаат доставено до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК). Според анализата на СКУП во рамките на проектот ПЕП, пет […]

Мицкоски: Македонија овојпат се брани со гласачко ливче


Овие избори се повеќе од обични избори, затоа што оваа власт удри по темелите на нашата заедничка куќа, по нашиот дом, почна да руши дел по дел од она што со генерации беше градено, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на централниот митинг во Скопје. Тој им порача на присутните да ги преземат работите во своите […]

СДСМ: Сиљановска покажа дека е само продолжена рака на Мицкоски и Груевски


Со типично партиски речник на ВМРО-ДПМНЕ, со блед, неубедлив и празен говор, вечерва Сиљановска покажа дека не е ништо повеќе од продолжена рака на Мицкоски и Никола Груевски. Сиљановска е иста како Мицкоски. Не понуди ништо друго освен гола критика на се и сешто, кочење и блокирање на иднината на државата, против НАТО и ЕУ, […]

Силјановска-Давкова: Ние жените имаме потежок живот од мажите


Македонија има прекрасно име, во женски род е, не ѝ треба придавка. А, пред вас стои жена. На Македонија ѝ треба жена, на татковината ѝ треба жена. Јасно е жошто! Зошто ние имаме потежок живот од мажите, треба да докажуваме дека сме добри професорки, покрај добри мајки, добри другарки, и тоа нè прави посилни и […]

Вучиќ сакал да се обрати, ама се откажал поради малиот број луѓе


Министерот за внатрешни работи на Србија Небојша Стефановиќ, вечерва изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ имал намера да им се обрати на собраните луѓе на протестот во Белград, но тој се откажал од таа идеја поради малиот број на присутни. -Знам дека претседателот сакаше да им се обрати, но кога ги виде бројките, колку луѓе […]