Пендаровски во Скопје, Силјановска во Велес и Свети Николе, Река во Желино

Кампањата за шестите претседателски избори денеска продолжува со претставување на програмите на тројцата кандидати.

Кандидатот за претседател од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски денеска во 14 часот ќе одржи централен митинг Скопје кој ќе се одржи пред Делегацијата на ЕУ, а ќе почне со граѓански марш од пред зградата на Црвениот крст.

Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска-Давкова, која централниот митинг во главниот град го имаше синоќа, вечер ќе има собири во Свети Николе и во Велес.

Кандидатот за претседател Блерим Река, кој за претседателските избори е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса, вечер ќе има средби со граѓаните на Желино.
Кампањата почна на 1 април и ќе трае до 19 април, по што ќе следува 24-часовен изборен молк пред денот на гласањето во првиот круг закажан за 21 април.