(ВИДЕО) Грабеж на НЛБ банка во Чаир


Во моментов во експозитурата на НЛБ Банка во Чаир се наоѓа полиција која го испитува грабежот на банката кој се случил пред неколку минути, јави ТВ 21. https://www.facebook.com/tv21hd/videos/293184724929819/  

Отсуството на судијата Ставрев го одложи судењето за „Титаник“


Судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 23-ти април, откако денешното рочиште се одложи поради отсуство на судијата Огнен Ставрев. „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од СЈО. Станува збор за околу 5.900 материјални докази. Се презентираат лични документи, како барања за издавање лични карти, изјави […]

(Видео) Најмалку осум лица загинаа во САД во торнадо и ураган


Најмалку осум лица, меѓу кои три деца, настрадаа во налет на торнадо во државите на југот на САД. Едно лице загина на североистокот на Мисисипи, кога дрво удрило во приколка, изјави управникот за патишта за округот Монро, Сони Клеј. Тој додаде дека по налетот на торнадото на тоа подрачје 19 лица се пренесени во болница, […]

Еквадорците обвинуваат: Асанж ја користеше амбасадата за шпиунажа


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж повеќе пати ги прекршувал одредбите од кауцијата и ја користел еквадорската Амбасада за шпионирање, изјави претседателот на Еквадор Ленин Морено за британскиот весник „Гардијан“. Лондонската полиција го „извлече“ Асанж од зградата на Амбасадата во четвртокот откако му беше укинат седумгодишниот азил, отворајќи пат за негова екстрадиција во САД под обвинение […]

Еквадор: Асанж ја користеше амбасадата за шпионажа


Основачот на Викиликс Џулијан Асанж неколкупати ги прекршил условите за азил и се обидел да ја искористи амбасадата на Еквадор во Лондон како центар за шпионажа, рече претседателот на Еквадор, Ленин Морено, објави Еуроњуз. Во четвртокот лондонската полиција го приведе Асанж од амбасадата откако Еквадор го повлече своето право на азил по седум години поминати […]

Рекорден број барања за азил од Латинска Америка во ЕУ


Венецуела се искачи на второто место на списокот на земји чии државјани бараат азил во Европа, веднаш по Сиријците, јави дописничката на МИА од Брисел. Во текот на февруари оваа година вкупно поднесени се 57 илјади барања за азил во земјите на ЕУ, плус Норвешка и Швајцарија, од кои четири илјади се од Венецуелци, со […]

Ќе се отстранува „црната точка“ во Аеродром


Нов натпатник наскоро треба да биде изграден над булеварот „Србија“ во скопската општина Аеродром, во близина на детската улица „Тоше Проески“, а треба да придонесе за безбедно преминување на булеварот „Србија“. Овој булевар е една од најфреквентните сообраќајници во Скопје и е од витално значење бидејќи е главно сообраќајно поврзување за три општини – Кисела […]

Хант: Велика Британија сака да избегне Брегзит без договор


Владата во Лондон е решена во својот став да избегне истапување на Велика Британија од ЕУ без договор, изјави во Токио шефот на британската дипломатија Џереми Хант. – Свесни сме на фактот дека Јапонија има бројни инвестиции што вработуваат стотици илјади луѓе во Велика Британија. Ние сакаме таа силна соработка да продолжи, изјави Хант на […]

„Охридско лето“ на Генералното собрание на Европската фестивалска асоцијација во Лисабон


Најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија – фестивалот „Охридско лето“, од 14-ти до 17-ти овој месец се презентира на Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржува во Лисабон, Португалија. Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор, Нина Момировска, во рамки на посетата ќе остварат средба со претседателот […]

Москва ги следи активностите на НАТО, адекватно ќе одговорат


Русија внимателно ги следи воените активности на НАТО во регионот на Црно Море и подготвена е да одговори адекватно, вели заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко. Тој вели дека Русија има негативен став кон зајакнатите активности на Алијансата во регионот на црното Море. „Нивните активности во регионот на Црното Море  не може да […]

ДПМ на книжевна вечер ќе ги претстави 13-те нови членови


Друштвото на писателите на Македонија вечер од 19 часот организира книжевна вечер на која ќе бидат претставени 13-те нови негови членови преку кус разговор и со читање сегменти од нивното творештво. Петар Андоновски, Елизабета Бандиловска, Марија Гиревска, Мерсиха Исмајловска, Александра Јуруковска, Славчо Ковилоски, Ели Маказлиева, Виолета Мартиновска, Бранко Прља, Сузана В. Спасовска, Ана Стојановска, Снежана […]

Филмот „Петрунија…“ ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд


Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска ја освои главната награда на фестивал во Дортмунд, Германија, (Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival) која има и парична вредност од 15.000 евра. Фестивалот се оджуваше од 9 до 14 април. Посветен е на женски автори и во главната конуренција се избираат само […]

Ѕанакопулос: И најоптимистите не очекуваа толку позитивни резултати од Договорот од Преспа


Мислам дека ни најголемите оптимистите не можеа да очекуваат, за толку мал временски период да имаме толку важни позитивни резултати од Договорот од Преспа, вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за весникот „Неа селида“. -Како што поминува времето, како што ќе се зајакнуваат врските на пријателство и соработка, […]

Остануваат клучните разлики за законот за јавно обвинителство


Работната група на ВМРО-ДПМНЕ викендот до Министерството за правда повторно испратила материјали за Предлог законот за јавното обвинителство, но клучните разлики и натаму остануваат. -Викендот од ВМРО-ДПМНЕ испратија повторно материјали, но клучните разлики остануваат. Материјалите не беа во согласност со европските препораки за отворање на преговорите. Разговорите ќе продолжат, велат за МИА од Министерството за правда. […]

(Видео) Како Асанж живеел во еквадорската амбасада во Лондон?


Џулијан Асанж е снимен како, во шорцеви, низ еквадорската амбасада вози скејтборд, a во видеото кое го добил „El pais“, основачот на „Викиликс“ изгледа бледо и истоштено. „Викиликс“ се соочува со обвинувања од САД за „заговор за компјутерски упад“ откако во 2010 година објавија чувствителни владини документи. Додека полицијата го извлекуваше од амбасадата се виде […]

Нов албум: Мадона сега е Мадам икс


САД– Мадона сега е Madame X. Кралицата на поп музиката објави кратко видео во кое претстави дел од нова песна и потврди дека нејзиниот нов, 14 албум ќе се вика „Madame X“, пишува Billboard. Таинствената снимка ја следи поп – ѕвездата како во неколку наврати ја менува облеката, што ја симболизира промената на алтер-егото, а […]

Прегазено шестгодишно дете во Прилеп


Дете на возраст од шест години било удрено со автомобил во Прилеп, во неделата, а се здобило со повреди, соопшти МВР. Во неделата, во 15.45 часот на улица „Војводинска“ во Прилеп, патничко возило „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Прилеп, удрило во шестгодишно дете од Прилеп. Детето се здобило со тешки телесни […]

Падна снег на Шапка


Трисетина сантиметри нов снег наврнаа ноќеска на зимско-рекреативниот центар Попова Шапка. Според вработените во сместувачките капацитети, снегот почна да паѓа во неделата околу 20 часот и во текот на ноќта формираше значителна снежна покривка. -Може да каже дека снегот изненади. Последен пат имаше наврнато во февруари, а во март ниту еден ден немаше нов снег. […]

Едно лице загина при напад во црква во Канада


Едно лице е убиено откако непознат напаѓач отворил оган во црква во градот Салмон Арм, во канадската провинција Британска Колумбија. – Млад маж се појави со пушка по литургијата во црквата, ја насочи кон татко ми и пукаше во него – сведочи синот на убиениот. Жртвата е 78-годишниот Гордон Парментор. Според синот на Парментор, по […]