Москва ги следи активностите на НАТО, адекватно ќе одговорат


Русија внимателно ги следи воените активности на НАТО во регионот на Црно Море и подготвена е да одговори адекватно, вели заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Александар Грушко.
Тој вели дека Русија има негативен став кон зајакнатите активности на Алијансата во регионот на црното Море.
„Нивните активности во регионот на Црното Море  не може да придонесат за безбедноста, тие само ја поткопуваат регионалната стабилност. Ние сигурно ќе ги преземеме сите мерки на претпазливост во смисла на неутрализација на заканите во врска со зголемените активности на Алијансата во тој регион“, вели Грушко на маргините 27. Собрание на Советот за надворешната и одбранбената политика.
Според меговите зборови, Русија верува дека сигурноста во тој регион треба да ги обезбедува државите на тој регион, пренесе ТАСС?
НАТО во последните месеци го зајакна военото присуство во подрачјето на Црното Море.
Грушко рече дека Москва внимателно ги следи разместувањата на системот за противракетна одбрана на САД во Романија.
„Имаме прашања заради што се разместува системот и во што се состои модернизацијата на објектите во Романија“, рече Грушко.
Тој вели дека Москва на сите политички нивоа до сега зборуваше за тоа дека разместувањето на противракетни системи на објектите во Романија наменето исклучиво за парирање на ракетните закани надвор од евроатланскиот регион и дека „тие ракети по своите карактеристики не се способни да пресретнуваат стратешки средства кои постојат во вооружувањето на Руската Федерација“.
„Се наметнува прашањето за тоа какви работи ќе бидат изведени на објекти во Романија, затоа што е добро познато дека САД денеска работат на усовршување  на пресретнување ракети, а многу повеќе не кријат дека тоа е американската противракетна одбрана, вклучувајќи го европскиот сегмент интегриран во НАТО, мора да стекне способност за пресретнување на ракетни средства од руското вооружување’, рече Грушко.