Прегазено шестгодишно дете во Прилеп

Дете на возраст од шест години било удрено со автомобил во Прилеп, во неделата, а се здобило со повреди, соопшти МВР.
Во неделата, во 15.45 часот на улица „Војводинска“ во Прилеп, патничко возило „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Прилеп, удрило во шестгодишно дете од Прилеп. Детето се здобило со тешки телесни повреди и му била  укажана помош во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. 
loading...