(Видео) Како Асанж живеел во еквадорската амбасада во Лондон?


Џулијан Асанж е снимен како, во шорцеви, низ еквадорската амбасада вози скејтборд, a во видеото кое го добил „El pais“, основачот на „Викиликс“ изгледа бледо и истоштено.
„Викиликс“ се соочува со обвинувања од САД за „заговор за компјутерски упад“ откако во 2010 година објавија чувствителни владини документи.
Додека полицијата го извлекуваше од амбасадата се виде дека тој е многу пропаднат, па многумина ги интересираше како го минувал времето во амбасадата.
Персоналот на амбасадата се пожали дека Асанж водзел скејтборг по паркетот, играл фудбал и бил неуреден. Бидејќи не можеше да излезе од амбасадата морал тие простории да ги користи за спортски активности.
Му забалежувале дека остава валкана облека на подот во бањата и дека не си ги мие садовите по оброкот.
Велат дури и дека неговата мачка е отстранета од амбасадата бидејќи не се грижел за неа – иако амбасадорите се сомневале дека подметнал скриена камера за да ги шпионира луѓето.
Меѓутоа, тврдењата дека оставал фекалии на ѕидовите на еквадорската амбасада се лаги, вели неговата адвокатка.