Хашим Тачи: Можен е договор со Белград


Косовскиот претседател, Хашим Тачи изјави дека е можно годинава да дојде до договор со Белград, но нема планови за укинување на таксите за производите од Србија, кои доведоа до прекин на дијалогот. Тој за британскиот „Гардијан“ рече дека договорот за нормализирање на односите помеѓу Белград и Приштина и понатаму е можен, и покрај сериозните застои […]

Ким Џонг-Ун можно е да ја посети Русија во следната недела


Лидерот Ким Џонг-Ун можно е да ја посети Русија следната недела. Таа информација ја објави јужнокорејската агенција Јонхап, цитирајќи извори во Москва. Според јужнокорејската агенција, „многу голема” е веројатноста Ким да пристигне во Русија кон крајот на април и да има состанок со рускиот претседател Владимир Путин, најверојатно во Владивосток. На 26 и 27 април, […]

Скандал во британската морнарица: Морнари од тајна мисија „паднале“ поради кокаин


Седуммина морнари на британската нуклеарна подморница ХМС Талент, кои требало да почнат операција за следење на руска подморница во Северното Море, „паднале“ поради кокаин. Како што пишува „Дејли мејл“, а пренесе „Спутник“, тие се суспендирани поради употреба на кокаин. Според британскиот таблоид, откако подморницата пристигнала во поморската база во Девонпорт, каде што екипажот требало да […]

Книга интервјуа посветени на св. Климент Охридски


 „Свети Климент Охридски и македонскиот културен контекст” е насловена книгата на новинарот и публицист Свето Стаменов, која содржи 16 интервјуа реализирани во серијалот на Македонското радио – Радио Скопје за одбележувањето 1100 години од упокојувањето на свети Климент Охридски. Се работи за разговори со универзитетски професори, македонисти, писатели, богослови, културолози,  познавaчи и почитувачи на грандиозното дело на свети Климент […]

Анкета: Корбин ќе ја смени Тереза Меј на „Даунинг стрит 10“


Англија– Лидерот на лабуристите во Британија, Џереми  Kорбин ќе биде новиот премиер по парламентарните избори. Тоа се нагласува во резултати од најнови анкети, објавија британски медиуми. Владејачките конзервативци на премиерката Тереза Меј ќе загубат 59 места во Долниот дом на Парламентот. Лабуристите ќе го зголемат бројот на пратеници за 34 луѓе и ќе бидат најбројна […]

Македонските ракометари сакаат накит, ама кај жените


Македонските ракометни ѕвезди викендов во Скопје беа како поп-ѕвезди. Не делеа спортски совети, туку модни, се фотографираа и се дружеа со фановите, и потпишуваа автограми. Домаќин на играчите на националниот ракометен А тим: Кире Лазаров, Столе Стоилов, Борко Ристовски, Дејан Манасков, Филип Кузмановски и Филип Талески им беше новиот партнер на македонскиот ракомет „Ребека накит“, […]

Белгија: Уапсено едно лице за тероризам, неизвесно дали е избегнат нов напад


Белгија– Белгиското федерално обвинителство соопшти дека едно лице е уапсено во текот на вчерашниот ден за „терористички активности“, но не потврдува дали се подготвувал нов напад. Дваесет и две годишен маж е уапсен во текот на викендот во домот на неговата баба во мал град во близина на Брисел и се товари за учество во […]

Политичка кампања од Шутка


„Слобода за Јане Ченто“, е фан-страницата на „Фејсбук“ на која речиси секојдневно се објавуваат политички пораки што ги испраќа осудениот за упадот во Собрание. Во дел од пораките се потенцира дека тие се испратени преку неговото семејство, но нејасно е кој точно ја уредува оваа фејсбук-страница, со оглед на тоа дека во Истражниот затвор „Скопје“ […]

Рекорд на Трамп: За реизборот веќе собрал над 40 милиони долари


САД – Американскиот претседател Доналд Трамп ќе пријави дека за кампањата за реизбор на претседателските избори во 2020 година во првиот квартал од оваа година собрал повеќе од 40 милиони долари. Тоа е повеќе отколку што неговите двајца главни демократски противници собрале заедно. Медиумите објавија дека фондот на Трамп за претстојната кампања достигнал дури 40,8 милиони […]

Жена или кукла: Живеам живот на вистинска Барби


САД– Татјана „Тања“ Тузова (32) го живее животот на вистинска кукла Барби. Нејзината колекција клукли брои 1.500 примероци, а досега потрошила над 150 илјади долари да изгледа како вистинската Барби. -Немам пријатели, сопругот ми е најдобар пријател. А и тие што ги имав се интересираа колку сум потрошила на облека и на фризер отколку да […]

Последна пленарна седница на Европскиот Парламент пред изборите


Белгија– Во Стразбур оваа недела ќе се одржи последната пленарна седница на актуелниот состав на Европскиот Парламент пред европските парламентарните избори. Агендата на пратениците ќе биде набиена за оваа последна сесија. Парламентот вечерва ќе дебатира за состојбата со владеењето на правото во Романија, откако романските власти се обидоа да ја спречат кандидатурата на антикорупционерката Лаура […]

„Титаник“ и „Тврдина 2“ на СЈО денеска во Кривичен


Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за „Титаник“ и „Тврдина 2“ на Специјалното јавно обвинителство. Предметот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се презентираат околу 5.900 материјални докази предложени од СЈО. Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, […]

Медиумите уште денеска може да објавуваат резултати од анкети


Медиумите уште денеска може да објавуваат резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес. Според Роковникот на Државната изборна комисија, резултатите од анкетите може да се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на претседателските избори и вонредните локални во три општини, односно рокот истекува денеска на полноќ. Завчера […]

Тевдовски: Од Вашингтон се враќаме со многу договорени проекти за забрзување на економскиот раст


САД– Република Северна Македонија е мала и отворена економија, ризици постојат, но иако ММФ ја намали проекцијата за економски раст за најголем број земји, нашата напротив е зголемена и ова ја валоризира успешната економска и фискална политика на Владата, изјави министерот за финансии Драган Тевдовски. Делегација предводена од Тевдовски и гувернерката на Народна банка, Анита […]

Облачно, со врнежи од дожд


Времето денеска во целата земја ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во јужните и источните делови врнежите ќе бидат пообилни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе престануваат. Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 15 Целзиусови степени, Крива Паланка 10, Берово 9, Маврово 4, […]

Изборната реторика меѓу разурната куќа и бетониран идентитет


Со митинзи во главниот град, претседателските кандидати на двете најголеми партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски, во текот на викендот ја заокружија втората седмица од кампањата пред првиот изборен круг. До гласањето на 21 април остануваат шест дена, од кои само уште четири ќе можат да се искористат ефективно за претставување на […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Утрото го дочекувате со силна желба за напредување, можеби и премногу силна за ваше добро: планетите сугерираат да не избрзувате во ништо, бидејќи може да се каете. Потоа ќе треба да се правдате, а тоа нема крај и ќе излезе дека самите себе се обвинувате. На крај ќе успеете да спасите нешто од вложеното […]

Силјановска-Давкова: На 21 април ќе отвориме пат за предвремени парламентарни избори


На 21 април ќе отвориме пат за предвремени парламентарни избори, ама новата влада нема да бара од нас да ги заборавиме зборовите на химната или во себе да ги кажуваме и да тагуваме. Со нас ќе ја пее химната, со нас ќе го вее знамето и ќе го изговара светото име Македонија зашто тоа е […]

По победата во Рејкјавик, Македонија одигра реми со Исланд во Скопје


Македонската ракометна репрезентација одигра реми против Исланд во квалификациите за ЕП 2020 година. Ова е прво реми за нашата репрезентација во квалификациите, откако во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ натпреварот заврши 24:24. По победата пред неколку дена во Рејкјавик, нашата репрезентација беше блиску до победата и овојпат, но гостите успеаја да се спасат од пораз […]

Река: Немаме друга опција, освен ЕУ и НАТО


Претседателскиот кандидат Блерим Река вечерва, од митингот во тетовско Желино, порача дека на 21 април ќе се случи голема промена со политичкото минато. Укажа дека со неговиот нов концепт ќе ги корегира досегашните политики на власта. -За да биде држава, треба да има владеење на правото. Немаме друга опција, освен ЕУ и НАТО, а корупцијата […]