Девојка паркирала за да пие кафе, но автомобилот заврши во Охридското Езеро


Незгодата во која нема повредени, се случи утрово на паркиралиште на Кејот „Македонија“ во центарот на Охрид, на местото каде се спојува со улицата „Јане Сандански“. Според она што можеше да се види на лице место, се работи за невнимание на женско лице кое изгубило контрола врз возилото при обид да направи маневар за паркирање. […]

Бриџен: Тереза Мај треба веднаш да поднесе оставка


Британската премиерка Тереза Меј треба веднаш да поднесе оставка, изјави Андреј Бриџен пратеник од нејзината Конзервативна партија, кој се залага за таканаречениот „тврд“ Брегзит. Меј вчера изјави дека ќе побара уште едно одложување на Брегзит за да постигне договор за излез од ЕУ со лидерот на опозицијата Џереми Корбин, што е маневар во последен момент […]

Двајца обвинители го прават увидот на местото на авионската несреќа


Двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје од утрово се на увид во реонот на планината Јакупица, каде вчера се урна авион од типот „Цесна“ со четворица патници, соопшти Јавното обвинителство. Обвинителите го вршат увидот заедно со екипи на Министерството за внатрешни работи, судска медицина и други релевантни институции за утврдување на причините за […]

Маж уби две лица во основно училиште во Кина


Вооружен маж со нож уби денеска две лица и повреди уште две други во селско основно училиште во централниот дел на Кина, соопштија локалните власти. Засега не се откриваат детали за жртвите, ниту се соопштуваат мотивите на напаѓачот. Двете повредени деца се пренесени в болница и не се наоѓаат во животна опасност, се наведува во […]

По скандалот со „Панама Пејперс“, во Белгија вратени 16 милиони евра


Откако изби скандалот „Панама Пејперс“ во 2016 година, белгиските власти успеале да повратат 16 милиони евра скриени во офшор компании, но овој износ е помал од тоа што го очекуваше државата. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, белгиската истражувачка мрежа во 2016 година идентификуваше 732 државјани на Белгија, кои користеле офшор компании во […]

Европски 220.000 евра за санација на црквата „Св. Власие“ во Штип


Штип – Заводот за заштита на спомениците на култура и музеј Штип потпиша договор со кој се здоби со можноста да користи 220.000 евра од ИПАР-фондовите за санација и конзервација на црквата „Св. Власие“. Директорот Мите Штерјов вели дека проектот е во рамките на прекуграничната соработка со Република Бугарија. – Целиот проект е во вредност […]

ЕУ одобри безвизен режим за британските граѓани по Брегзит


По Брегзит, британските граѓани ќе можат да престојуваат во Шенген зона 90 дена без виза, под услов Велика Британија да им го обезбеди истото и на европските граѓани на нејзина територија, јави дописничката на МИА од Брисел. Кога, и ако, Велика Британија ја напушти Европската Унија, таа стануваа „трета земја“ и нејзините граѓани, согласно европското […]

НАТО полни 70 години


Северноатлантскиот  пакт (НАТО) утре прославува 70 години од своето основање, во услови кога е соочен со многу глобални предизвици, но и внатрешни тензии и несогласувања. Договорот за создавањето на Северноатлантскиот пакт бил потпишан на 4 април 1949 година во Вашингтон, но „роденденот“, покрај во американскиот главен град ќе се прославува и во Лондон, каде што […]

Бети Бацијана, партнерката на Ципрас : Изглед според протокол


Елегантна, во строг костум, со бела блуза и елегантни салонки на потпетица Бети Бацијана (45), невенчаната сопруга на грчкиот премиер Алексис Ципрас (44) , вчера, сама, се поклони пред гробот на славниот Грк, Георгиос Зорба, кој е погребан на гробиштата „Бутел“. Посетата на гробот на Зорба беше во рамките на женската програма, но тоа беше […]

Одземен имунитетот на Хуан Гуаидо


Парламентот на Венецуела усвои одлука за укинување на имунитетот на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, со што се овозможува негово апсење. На барање на претседателот на Врховниот суд на Венецуела, Маикело Морено, Парламентот одржа вонредна седница и едногласно му го одзеде имунитетот на Гуаидо, кој е претседател на таа институција. Гуаидо кон крајот на јануари се […]

Академија Пандев ја пречекува Шкендија, борбата за опстанок поинтересна


Водечката Шкендија му гостува на третопласираниот тим, Академија Пандев. Тоа е дерби-натпреварот од 26. коло од првата фудбалска лига кое се игра денеска од 15.30 часот. Шампионот доаѓа на стадионот „Младост“ во Струмица по трите последователни победи (Работнички, Силекс и Победа) и гол-разликата од девет дадени и два примена гола. Но, и струмичани се во […]

Славниот пливач Мајкл Фелпс чека трето дете


САД- Најтрофејниот олимпиец, Мајкл Фелпс, по две деца, чека уште едно. Со сопругата Никол, се пофалија дека чекаат трето дете, една година по раѓањето на синот Бекет, а го имаат и двегодишниот Бумер. Двојката се венча пред три години на тајна церемонија во Мексико, а сопругата на Фелпс е бивша мисица.

Унгарија испраќа полицајци на границите на Македонија со Србија и Грција


Унгарија – Унгарските власти соопштија дека 15 полицајци ќе бидат распоредени како испомош на границата меѓу Србија и Северна Македонија, а 30 на границата меѓу Северна Македонија и Грција. Како што се наведува во соопштението, мерката се презема поради спречување на илегални премини во Србија и Северна Македонија и апсења на трговци со луѓе. Полициските единици […]

Променливо облачно, со локален дожд


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 11 до 19 степени. Во Скопје слично време, променливо облачно со дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната […]

Мијалков за Бошкоски: И јас би се срамел да ме фатеа со 100.000 евра


Поранешниот министер и лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, по апсењето во 2011 година пред ресторанот „Воденица“ бил депресивен, вознемирен и посрамен. Ваква оценка во своите сведочења дадоа вчера затворските лекари кои го прегледувале Бошкоски во затворот. Општиот лекар рече дека во истражниот затвор „Скопје“ веднаш го прегледал Бошкоски штом бил притворен. „Беше психички […]

Нов обид за договор за законот за обвинителство: Прво избори, па закон за СЈО


Мали се шансите законот за јавното обвинителство, со кој се уредува и статусот на Специјалното јавно обвинителство, да биде донесен пред 5 мај, односно пред завршувањето на вториот круг од претседателските избори. Во оваа насока се информациите што доаѓаат од преговарачките тимови во Министерството за правда, кои не влеваат многу оптимизам дека во скоро време […]

Во Кривичен нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „ТНТ“


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за предметите „Таргет-Тврдина“ и „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО се обвинети поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски, Никола Бошкоски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директорот на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир […]

Живи нè изгоре неспособноста


НАУМ КОТЕВСКИ Ѓаволот првоаприлски ја однесе шегата, па и Армијата мораше да интервенира во сеопштата пламена фешта што деновиве ни ја приредија неколкумина пиромани кои се смеат во лицето на државата и нејзините немоќни институции. Гореше од Струга до Берово. Тажни беа сликите од пустошот што огнената стихија го остави во Националниот парк „Галичица“, во […]

МНТ одбележува 74 години постоење


Македонскиот народен театар денеска со изложба ќе одбележи 74 години постоење. Изложбата е насловена „Од текст до претстава: македонски драми на сцената на МНТ“ и ќе ги опфати авторите од различни генерации чии дела биле изведени во МНТ. Националниот театар од самите почетоци поставува дела од македонски автори – „Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски била […]

Хан: Заев и Ципрас го поплочија патот кон нова ера на соработка


Белгија– Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан преку Твитер им честиташе на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас за проодлабочувањето на односите меѓу двете земји. – Им честитам на лидерите на Грција и на Северна Македонија зашто го поплочија патот кон нова ера на пријателски и продуктивни односи, во интерес на своите граѓани и […]