Унгарија испраќа полицајци на границите на Македонија со Србија и Грција


Унгарија – Унгарските власти соопштија дека 15 полицајци ќе бидат распоредени како испомош на границата меѓу Србија и Северна Македонија, а 30 на границата меѓу Северна Македонија и Грција.

Како што се наведува во соопштението, мерката се презема поради спречување на илегални премини во Србија и Северна Македонија и апсења на трговци со луѓе.

Полициските единици ќе бидат опремени со возила, кои ќе можат да се движат надвор од автопатиштата, со уреди за ноќно набљудување и со термални камери.

– Унгарската полиција продолжува да соработува со локалните сили за заштита на границите меѓу Србија и Северна Македонија, како и Северна Македонија и Грција, соопшти унгарското МВР.