Маж уби две лица во основно училиште во Кина


Вооружен маж со нож уби денеска две лица и повреди уште две други во селско основно училиште во централниот дел на Кина, соопштија локалните власти.

Засега не се откриваат детали за жртвите, ниту се соопштуваат мотивите на напаѓачот.

Двете повредени деца се пренесени в болница и не се наоѓаат во животна опасност, се наведува во соопштението на властите од округот Нињуан во провинцијата Хунан.

Полицијата уапси 31-годишен маж по име Чан Мојуѕијун, кој е жител на истото село.