Девојка паркирала за да пие кафе, но автомобилот заврши во Охридското Езеро


Незгодата во која нема повредени, се случи утрово на паркиралиште на Кејот „Македонија“ во центарот на Охрид, на местото каде се спојува со улицата „Јане Сандански“.

Според она што можеше да се види на лице место, се работи за невнимание на женско лице кое изгубило контрола врз возилото при обид да направи маневар за паркирање. Според информации на очевидци, пак, автомобилот паднал во езерото откако претходно било паркирано од страна на женско лице кое заминало да пие кафе во околните угостителски објекти.

Полицијата врши увид за утврдување на околностите што довеле до оваа невообичаена незгода.