Славниот пливач Мајкл Фелпс чека трето дете


САД- Најтрофејниот олимпиец, Мајкл Фелпс, по две деца, чека уште едно.

Со сопругата Никол, се пофалија дека чекаат трето дете, една година по раѓањето на синот Бекет, а го имаат и двегодишниот Бумер.

Двојката се венча пред три години на тајна церемонија во Мексико, а сопругата на Фелпс е бивша мисица.