Турција се заканува со офанзива врз Курдите, САД предупредува за разорни последици


Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа го предупреди турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на „потенцијално разорните последици од турска еднострана воена акција во Сирија“. Стејт департментот соопшти дека на средбата на Помпео со Чавушоглу на маргините на одбележувањето на 70-годишнината од НАТО, американскиот државен секретар даде „поддршка на преговорите кои се во тек, […]

Комитет за воздухопловни несреќи: Проверивме, немало забрана за слетување во Скопје


Претседателот на Комитетот за истражување на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ), Зоран Илиевски, вели дека покренатата истрага ќе ја покаже вистинската причина за падот на „цесната“ и дека дотогаш сè е само шпекулација. Несреќите, сериозните инциденти и инцидентите во цивилното воздухопловство се во ваша надлежност. Што правите во случајов? Основна задача на Комитетот за […]

Во Кавадарци најдени 100 кг катран од афион


Во средата, во 18.45 часот во напуштена куќа на улица „Рајна Соколова“ во Кавадарци биле пронајдени 10 канти со околу 100 килограми тврда кафена материја – најверојатно катран од афион. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Контроверзна одлука на суд: Секс со жена е основно човеково право на секој маж


Еден маж поднесе жалба на претходна ослука на суд со која му се забрануваат сексуални односи со 20-годишната сопруга поради тоа што таа има ментална попреченост и не може да даде согласност. На судот за заштита во Лондон, додека се разгледувал случајот на жена со ослабена когнитивна способност, дошло до сериозен судир. Судијата рекол дека […]

Запленет кокаин во вредност од 13 милиони долари во Хонгконг


Цариници во Хонгконг денеска запленија пратка од 91 килограм кокаин, со вкупна вредност од 13 милиони долари, при што е уапсено и едно лице. Хонгконг се смета за главно азиско пристаниште и клучна точка за транзит на дрога. Добро платените сектори во Хонгконг се профитабилен пазар за дрога, меѓу која најпопуларни се марихуана и кокаин.

Преселбата од аеродромот Ататурк кон новиот во Истанбул ќе трае 45 часа


Големата преселба од истанбулскиот аеродром Ататурк на новиот мега аеродром во Истанбул ќе почне ноќеска, изјави турскиот министер за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан. Тој информира дека првата операција од големата преселба ќе трае 45 часа. Сите летови на двата аеродроми ќе бидат стопирани во рок од 12 часа. – Последното полетување од Ататурк ќе […]

Поддршка за номинацијата на Заев и Ципрас за Нобел од 33 европратеници од 16 земји


По прв пат на Балканот со покажано лидерство се постигнува ваков иновативен договор, пишуваат 33 европратеници од 16 земји и шест политички групи од Европскиот Парламент, во писмото до Норвешкиот комитет за Нобел, со кое ја поддржуваат иницијативата на Видед Бушамауи од Тунис, премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас да бидат добитници на Нобеловата награда за […]

Димитров на „NATO Engages: The Alliance at 70” во Вашингтон


Во Вашингтон денеска се одржува состанокот на НАТО на ниво на министри за надворешни работи, на кој прв пат, во својство на „поканета земја” ќе учествува и министерот за надворешни работи Никола Димитров. – Силни сме колку што ни е силна армијата и економијата и колку што ни се силни демократските институции. Но, силни сме […]

Сѐ уште ги нема сензорите за мерење шеќер во крвта


Родители на деца со дијабетес секојдневно се во очекување здравствените власти да обезбедат сензори за континуирано мерење на гликемијата во крвта. Тие посочуваат дека со помош на сензорите постојано ќе можат да го следат шеќерот во крвта без да им ги боцкаат прстите на децата. Министерот за здравство Венко Филипче неколкупати од неговото назначување на […]

Повторно уапсен поранешниот шеф на „Нисан“, Карлос Гон


  Карлос Гон, до неодамна извршен директор на „Рено-Нисан-Мицубиши“, повторно е уапсен, соопшти неговиот адвокат. Локалните медиуми информираат дека поднесено е ново обвинение против него поради финансиски малверзации. По повеќе од три месеци во притвор, Гон беше ослободен со кауција минатиот месец во вредност од милијарда јени (8,9 милиони долари). Тој беше уапсен на 19 […]

Бугарија жали за загинатото семејство: Сопругата е ќерка на поранешен министер, сопругот бизнисмен


Бугарија е во шок по трагичната авионска несреќа на Солунска глава на осумдесетина километри од Скопје, при што загина четиричлено семејство. Владата во Софија редовно известуваше за истрагата, па дури и понуди хеликоптер да им помогне на македонските власти. Спас немаше, злокобните вести бргу стигнаа: нема ниту еден преживеан во трагедијата. Од Министерството за внатрешни […]

Најубав поглед: Њујорк добива стаклен облакодер повисок од Емпајер Стејт


САД- Њујорк е дом на некои од најимпресивните објекти во светот кои се вистински архитектонски чуда, а сега добива уште еден објект наречен Hudson Yards Tower, кој ќе нуди најдобар поглед на градот. Највисоката панорама на градот ќе ја нуди новиот објект Hudson Yards Tower кој е уште познат под името Edge. Раскошниот облакодер е […]

Чизов: Северна Македонија за уши се влече во НАТО


Приклучувањето на Северна Македонија во НАТО може да го дестабилизира целиот Балканскиот регион, а проширувањето на Алијансата да ја загрози европската безбедност, оценива амбасадорот на Русија во ЕУ Владимир Чизов во интервју за „Известија“. – Ние разбираме дека целата работа со Преспанскиот договор е направена за да се овозможи побрзо приклучување на Македонија во НАТО. […]

АБА2 финале: МЗТ мора да победи за да остане во игра


Вкупно 45 поени негатива (95-72 и 93-71) донесоа во Скопје кошаркарите на МЗТ Скопје по двата финални натпревари од втората АБА-лига против Приморска во Копер. Словенците изненадувачки лесно се справија со македонскиот вицешампион и поведоа со 2-0 во серијата до три победи што значи дека само уште еден триумф им недостига да ја освојат лигата […]

Конкурс за „Пегаз“ – нова книжевна награда за необјавен роман


Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ распишаа прв конкурс за новата книжевна награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината. За наградата може да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои […]

Заев ќе се повлече по вториот мандат како премиер


Премиерот Зоран Заев во интервју на „1ТВ“ рече дека тој ветил и ќе се држи до ветувањето – премиерскиот мандат да се ограничи на максимални два мандата. Заев рече дека, можеби граѓаните ќе му дадат еден или два мандата, но дека по евентуалниот втор мандат, тој ќе има време да се посвети на семејството. Инаку, […]

Алооо Антикорупциска, гледам службен автомобил на митинг!


Антикорупциската комисија не може за време на изборната кампања директно на терен да утврдува злоупотреби на канцелариски простор, на канцелариска опрема и на службени возила на државните органи или, пак, евентуален поткуп на гласачи. Информациите за тоа ќе ги добива од невладините организации кои имаат соодветни акредитации за следење на изборниот процес, вклучувајќи го и […]

Бритни Спирс пак ќе се лечи од ментални проблеми


САД– Поп-ѕвездата Бритни Спирс (37) се пријави во установа за ментално здравје, поради голема емоционална вознемиреност како резултат на здравствените проблеми на нејзиниот татко. Во 2007 година таа минуваше низ развод и ја избричи главата пред папараците, сега повторно минува низ емоционална криза. Состојбата на татко ѝ не е јасна, наводно во јануари му пукнало […]

Столтенберг: Внатре во НАТО има несогласувања


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во своето обраќање пред американскиот Конгрес изјави дека внатре во Алијансата постојат многу несогласувања и побара зголемување на одбранбениот буџет на организацијата, со цел подобро да се справи со глобалните предизвици, како што е Русија. – Треба да бидеме искрени. Се поставуваат прашања од двете страни на Атлантикот за […]

Стејт департментот побара Сенатот да го ратификува Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО


САД – Стејт департментот и официјално ги достави до Сенатот на САД сите потребни документи за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО, објави американскиот државен секретар Мајк Помпео на гала вечерата во Вашингтон по повод одбележувањето 70 години од формирањето на Северноатлантската алијанса. – Оваа година се подготвуваме да ја примиме […]