Заев ќе се повлече по вториот мандат како премиер


Премиерот Зоран Заев во интервју на „1ТВ“ рече дека тој ветил и ќе се држи до ветувањето – премиерскиот мандат да се ограничи на максимални два мандата.


Заев рече дека, можеби граѓаните ќе му дадат еден или два мандата, но дека по евентуалниот втор мандат, тој ќе има време да се посвети на семејството.

Инаку, Заев зборуваше за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, кој на власт, како премиер , беше речиси 11 години.

Според Заев истрагата ќе покаже каде биле слабостите, но и дека нема штета од промени.


„Слабоста на демократијата веројатно не ги држеше будни до крај сите институции, бидејќи тој беше слободен човек кога избега. Јас сум само негов политички опонент. Нема штета од докази на маса, на крајот нема незаменлив човек. Треба работите да се менуваат. Знам каде биле слабостите, но треба да покаже истрагата“, рече Заев.