Контроверзна одлука на суд: Секс со жена е основно човеково право на секој маж


Еден маж поднесе жалба на претходна ослука на суд со која му се забрануваат сексуални односи со 20-годишната сопруга поради тоа што таа има ментална попреченост и не може да даде согласност.
На судот за заштита во Лондон, додека се разгледувал случајот на жена со ослабена когнитивна способност, дошло до сериозен судир.
Судијата рекол дека „секс со жена е основно човеково право на секој маж“, а се тоа се случи по повод жалбата која ја поднесе еден маж, пренесе „Гардијан“.
Тој поднесе жалба на претходната одлука на судот со која му се забрануваат сексуални односи со 20-годишната сопруга поради ментална попреченост кај неа, па таа не е способна сама да даде согласност. Судиите тогаш нагласија дека со таквата одлука се спречува можноста таа жена да се смета за силувана.
Многу борци за човекови права ја  коментираа изјавата на судијата велејќи дека тоа е „легализирање на мизогинијата и омразата кон жените“.
„Не постои закон кој дава можност мажот да инсистира на секс, ако нема согласност – тоа е силување“, твитна Денибор, кој се противи на одлуката.