Republic of North Macedonia to take seat at NATO’s table on Feb.13


Defense Minister Radmila Sekerinska will represent the Republic of North Macedonia for the first time as an official invitee at the NATO Defence Ministers meeting which will take place Feb. 13-14 in Brussels. “I am extremely glad that at this meeting we will welcome for the first time our colleague from Skopje, Minister Radmila Sekerinska. […]

Баџанакот на Џафери на „томбола“ избран за заменик-претседател на Антикорупциска


На првата седница на Антикорупциска, денеска, Нури Бајрами на „среќа“ е избран за заменик-претседател на Комисијата. Баџанакот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, Нури Бајрами, за кого во јавноста имаше многу критики што воопшто се пријавил за член на Антикорупциска, покрај фактот дека е роднина на претседателот на Собранието, денеска повика да престанат прозивките на […]

ОН предупредуваат на тешка хуманитарна ситуација во источна Украина


Високата претставничка на Обединетите нации предупреди на тешка хуманитарна криза во источна Украина додека судирот во тој регион влегува во шестата година. „Цивилите ја плаќаат највисоката цена. Повеќе од 3.000 цивили се убиени и речиси 9.000 ранети откако почна судирот во 2014 година“, изјави Урсула Милер, помошничка на генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања. […]

„Уа шнајдери!“ – герила акција како револт од субвенциите за култура


Нова герила-кација во центарот на Скопје. Поставена е огромна ножица на почетокот на булеварот Партизански одреди, на која пишува „Уа, шнајдери“, јавува Макфакс. Под ножицата, која е симболички протест за распределбата на средства во годишната програма за култура, е испишан следниот текст: „Двапати мери, еднаш сечи. Културата мора внимателно да се крои за да не […]

„НМК“ регистрации: Прво налепница, па нови таблици


Возачите што од идната недела ќе ја напуштат земјата, на своите возила ќе добијат налепници со кратенката од новото име на државата (НМК). Од МВР велат дека почната е постапката за итна набавка на налепниците што ќе бидат ставени на регистерските таблички на возилата. Откако ќе бидат набавени за неколку дена, ќе се лепат на […]

Македонските пожарникари како модели на календар: Ги рушиме стереотипите


За првпат во Македонија е издаден календар на кој како модели се појавуваат пожарникарите на Бригадата на град Скопје. Оваа идеја се зачна од Михаил Караколев, кој е  еден од „спасителите на градот“, па со креативна реализација на уметничкиот фотограф Димитар Апостолов, идејата целосно се реализираше. Календарот ќе биде промовиран на 14 февруари, во ресторанот „Колектив“ […]

Скопје и Атина го информираа Гутереш за Северна


Скопје и Атина вчера доставија заедничкото писмо до генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш со кое го информираат за датумот на влегување во сила на Конечната Спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за Безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 […]

Бритиш Американ Тобако е нов глобалeн партнер на МекЛарен


Бритиш Американ Тобако – БАТ (British American Tobacco – BAT) го најави новото, глобално партнерство со автомобилската групација МекЛарен (McLaren) во чии рамки ќе соработуваат за развој на напредна технологија и иновации насочени кон креирање портфолио составено од производи со потенцијал за намалување на ризикот (Potentially Reduced Risk Products – PRRPs), област во која БАТ […]

(ВИДЕО) Девојка фрли стол од висококатница на фреквентна улица во Канада


Полицијата во канадскиот град Торонто идентификуваше жена која фрли стол од висококатница на фреквентна улица. Властите побараа од жената да се јави во полиција откако видеото од опасната шега беше објавено на интернет и беше прегледано повеќе од 700.000 пати. Столот падна на еден од најфреквентните улици во Торонто, но за среќа нема повредени во […]

Регистрирани 107 дојави за прекршување на детските права на СОС телефонот во „Меѓаши“ во 2018-та


Вкупно 107 дојави за прекршување на детските права се регистрирани на СОС телефонот за деца и млади во текот на 2018 година. Најкарактеристични податоци што биле регистрирани во Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ се 30 дојави за сиромаштија, 13 за семејно, физичко и психолошко насилство и негрижа врз дете, девет деца биле потенцијални жртви […]

Буџетарите „јадат“ 122 милиони евра повеќе од пред десет години


За 38 милиони евра е зголемен износот за плати на буџетарите оваа година споредено со лани. Во буџетот за 2019 година ставката плати и надоместоци тежи 461,5 милиони евра, а во 2018, со ребалансираниот буџет била 423,5 милиони евра. Во 2008 година, пак, на стартот на масовната партизација на администрацијата, износот за плати и надоместоци […]

Владата и Собранието почнаа да го користат новото име


Владата и Собранието веќе почнаа да го користат новото име Република Севрена Македонија во комуникацијата со медиумите. По вчерашното стапување во сила на Договорот со Грција и на новото уставно име, се очекува тоа да го направат и останатите државни институции. Меѓуресорската работна група формирана од Владата за извршување на обврските од Преспанскиот договор донесе одлуки во […]

(Видео) Погледнете каде е убиен серискиот убиец во Босна и Херцеговина


Снимки од местото каде убиен серискиот убиец Един Гациќ во Босна и Херцеговина, направи редакцијата на „Аваз“. Потрагата по него беше завршена вчера, а во размена на оган со сараевската полиција, тој беше убиен на поширокото подрачје на Лепеница. Монструмот од Коњиц, Един Гациќ пред девет дена го уби Суад Султановиќ кај Коњиц, по што […]

Се презакажуваат прегледите од „Мој термин“ во Детска клиника


Не се знае каде заболело со морбили тринаесетмесечното дете од Тетовско кое почина во вечерните часови во неделата од компликации предизвикани од мали сипаници на Клиниката за детски болести. Таму се лекувало и пред две недели, а родителите го однеле бидејќи се сомневале дека испило две апчиња аналгетик, по што му било направено прочистување и […]

Аврил Лавињ: Не умрев!


Пејачката Аврил Лавињ вели дека „глупави интернет гласини“ се вестите кои се шират дека таа умрела, а ја заменила двојничка Мелиса, пишува Индепендант. Гласините дека Лавињ се уморила од славата и изнајмила двојничка за да ја претставува во јавноста почнаа во 2005 година и се претпоставува дека потекнуваат од еден бразилски сајт. За жал, гласините […]

„Титаник“ одложен за 27 февруари


Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство се одложува за 27 февруари поради здравствени проблеми на обвинетиот Ендмонд Темелко. Судијата Осман Шабани рече дека со писмен поднесок од 12 февруари 2019 година бил информиран дека Ендмонд Темелко е спречен да присуствува на денешната расправа поради нарушена здравствена состојба. Бранителот на Темелко кажа дека […]

Пекинг ги отфрли наводите за контакти со опозицијата во Венецуела


Кина ги отфрли наводите на „Волстрит Џурнал“ дека кинески дипломати разговарале со претставници на опозицијата во Венецуела за да ги заштитат своите инвестиции во земјата, нарекувајќи ги ваквите тврдења „лажни вести“. „Волстрит Џурнал“ објави дека дипломатите, загрижени поради (кинеските) нафтени проекти во Венецуела и речиси 20-те милијарди долари што Каракас му ги должи на Пекинг, […]

Ел Чапо виновен по сите точки од обвинението


Адвокатот на Хоакин Гусман, познат како „Ел Чапо“ изјави дека ќе поднесе жалба на пресудата за неговиот клиент. Џефри Личман пред зградата на судот во Бруклин изјави дека одбраната „диво се борела“ на судењето и оти ќе „продолжи да се бори“ за Гусман. Американскиот државен обвинител Ричард Доногју изјави дека очекува Гусман да добие доживотна […]

Станица за полнење електрични возила во ТЦ „Сити мол“


„Скопје Сити мол“ е прв трговски центар во земјава каде што е поставена станица за полнење електрични и приклучни хибридни возила. Полначот се наоѓа во жолтата зона на подземната гаража на трговскиот и на сопствениците на електрични возила им нуди можност за бесплатно полнење и паркирање за време на престојот во „Сити мол“. Со поставување […]

Во Мексико пронајдени гробници со 69 тела


Властите на западната мексиканска држава Колима објавија дека во тајни гробници се пронајдени тела од 50 лица, една недела откако беа пронајдени 19 тела во тој регион. Од обвинителството велат дека телата биле пронајдени на парцела што се граничи со областа каде што биле откриени првите гробови минатата недела. Телата на 69 лица беа пронајдени […]