„Уа шнајдери!“ – герила акција како револт од субвенциите за култура


Нова герила-кација во центарот на Скопје. Поставена е огромна ножица на почетокот на булеварот Партизански одреди, на која пишува „Уа, шнајдери“, јавува Макфакс.

Под ножицата, која е симболички протест за распределбата на средства во годишната програма за култура, е испишан следниот текст: „Двапати мери, еднаш сечи. Културата мора внимателно да се крои за да не биде после унакажана, монтирана, лепена и сечена. Културата не може и не смее да биде монета за поткусурување и пеглање на партиските интереси, политикантите и апетитите на поединците. Културата е жива метрија и не смее да биде умртвувана заради повисоки интереси“.