(Видео) Погледнете каде е убиен серискиот убиец во Босна и Херцеговина


Снимки од местото каде убиен серискиот убиец Един Гациќ во Босна и Херцеговина, направи редакцијата на „Аваз“.
Потрагата по него беше завршена вчера, а во размена на оган со сараевската полиција, тој беше убиен на поширокото подрачје на Лепеница.
Монструмот од Коњиц, Един Гациќ пред девет дена го уби Суад Султановиќ кај Коњиц, по што побегна. Крвавиот поход продолжи со убиството на полицаец на должност Махир Бегиќ на подрачјето на Суходол.
Пред овие убиства, Гациќ убил уште двајца, во 1998 година му го одзел животот на Исмет Гуниќ, а во 2002 година ја убил и својата мајка.