„НМК“ регистрации: Прво налепница, па нови таблици


Возачите што од идната недела ќе ја напуштат земјата, на своите возила ќе добијат налепници со кратенката од новото име на државата (НМК). Од МВР велат дека почната е постапката за итна набавка на налепниците што ќе бидат ставени на регистерските таблички на возилата. Откако ќе бидат набавени за неколку дена, ќе се лепат на возилата што излегуваат од државата на граничните премини.

„Налепниците ќе бидат бесплатни“, велат од МВР.

Веќе од средината на мај, се очекува да пристигнат и новите регистерски таблички. Тие ќе им се ставаат на возилата кога ќе им дојде ред за технички преглед. Се уште се утврдува дали и тие ќе бидат бесплатни (како што натежнува ставот во моментов) или ќе паднат на грбот на граѓаните. (Г.А.)