(ВИДЕО) Девојка фрли стол од висококатница на фреквентна улица во Канада


Полицијата во канадскиот град Торонто идентификуваше жена која фрли стол од висококатница на фреквентна улица. Властите побараа од жената да се јави во полиција откако видеото од опасната шега беше објавено на интернет и беше прегледано повеќе од 700.000 пати.

Столот падна на еден од најфреквентните улици во Торонто, но за среќа нема повредени во инцидентот. Откако видеото беше објавено на Фејсбук, го привлече вниманието на полицијата.