Полицијата трага по две сестри, таткото пријавил дека исчезнале


Полицијата трага по две сестрички на возраст од 14 и 13 години, кои вчера излегле од дома но не се вратиле. Нивното исчезнување во полициска станица го пријавил нивниот татко. На 21.12.2018 год. Во Полициската станица Бит Пазар М.К. (36) пријавил дека неговите ќерки С.К(14) и Т.К. (13) се оддалечиле во непознат правец. Се преземаат […]

Златан крши рекорди во Америка


САД – Шведската фудбалска ѕвезда, Златан Ибрахимовиќ може да стане рекордер на МЛС, пренесе „ЕСПН“. Според неговиот нов договор со Лос Анџелес Галакси, 37-годишниот напаѓач ќе добие меѓу 7 и 7,5 милиони долари. Ова може да биде највисока плата во историјата на МЛС. До моментов, најплатен фудбалер во Лигата беше Кака, кој во 2017 година зеде […]

Столтенберг им ја честиташе Новата година на силите на НАТО


Белгија – Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг упати видео порака до припадниците на силите на Алијанста по повод Нова година, во која оценува дека Северноатлантскиот пакт е „во добра форма“. – Ние сме во добра форма. Вашиот професионализам, посветеност и дух на солидарност ја прават силна нашата Алијанса. Заедно ќе продолжиме да се прилагодуваме на […]

Форбс: Џеф Безос е најуспешен милијардер во 2018


САД- Американското списание „Форбс“ ги посочи милијадерите кои на крајот на оваа година успеале да добијат повеќе од своите колеги во рејтингот на најбогатите луѓе во светот. На прво место е претседателот на „Amazon“, Џеф Безос, кој во годината која изминува заработил 27,9 милијарди долари и е со вкупно богатство од 127,2 милијарди долари, па […]

Каролина на првите МАС регионални награди во Белград


После Бајага, Петар Грашо и Сергеј Ќетковиќ настапите на првата регионална церемонија на доделувањето на музичките признанија MAC (Music Awards Ceremony) на 29 јануари во Штарк Арената во Белград ги потврдија уште три големи ѕвезди од регионот: Жељко Јоксимовиќ, Ван Гог и Каролина Гочева. Една од несомнено најголемите ѕвезди во регионот, музичарот Жељко Јоксимовиќ, кој […]

Чизмите на Мишел Обама: Ова не смее да си го дозволи ниту една (прва) дама


САД- Светкавите чизми на експрвата дама на САД Мишел Обама за промоција на мемоарите „Becoming“ во центарот „Беркли“  во Бруклин, ја шокираше модната Америка. Домаќинка и беше, уште една модна дива, актерката Сара Џесика Паркер. Иако двете дами имале одличен муабет, сепак вниманието од разговорот постојано го одвлекувале чизмите на Мишел ко и и се […]

Коутс: Русија, Кина и Иран се обиделе да влијаат на изборите за Конгресот на САД


САД – Русија, Кина и Иран се обиделе да влијаат на исходот од ноемвриските избори за членови на Конгресот на САД, изјави директорот на американското Национално разузнавање, Даниел Коутс. Како што објави весникот „Хил“, Коутс ова го изјавил на брифинг затворен за јавноста, но изданието успеало да дојде до извадоци од неговиот говор. Според Коутс, […]

УЕФА објави рекордни премии за учесниците на ЕП 2020


Франција – Европската фудбалска централа (УЕФА) објави рекордни премии за тимовите кои ќе учествуваат во финалната фаза на Европското првенство во 2020 година. Вкупниот награден фонд на турнирот ќе изнесува 371 милиони евра, објави официјалната веб-страница на УЕФА. Зголемувањето е за 23 отсто. Наградниот фонд на ЕП 2016 во Франција изнесуваше 301 милиони евра. Секој од […]

(ВИДЕО) Унгарците се кренаа против Виктор Орбан


Илјадници Унгарци се собраа вчеравечер на маршот против премиерот Виктор Орбан, кој е в организација на сатирична политичка партија „Куче со две опашки“ (МККП). Протестот е организиран по усвојувањето на два контроверзни закони, кои критичарите го нарекоа „робовладетелски закон“, а МККП, во својот дух, организираше протест со цел „да ја поддржат владината политика, Божик и […]

Мицкоски: Власта договара тендери во хотели


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од протестот во Прилеп обвини дека претставници на власта договараат тендери во хотел во источна Македонија. Тој зборувајќи за економската политика на власта рече дека на граѓаните им било ветено враѓање на ДДВ но тоа не се остварило. -Ама не само што тие пари не завршија кај граѓаните, туку […]

Слаб одѕив на протестите на „жолтите елеци“ денеска во Париз


Околу 800 лица се собраа денеска на протестниот марш на „жолтите елеци“ во Париз, што започна од пред базиликата „Свето срце“ на Монмартр, соопшти француската полиција. Според Франс интернасионал, на протестот, пак, во Версај, кој беше најавуван како еден од помасовните, се собрале само неколку десетици демонстранти. Во пресрет на денешните шести по ред саботни […]

Средба на лидерите на Србија, Бугарија, Грција и Романија во Белград


Во Белград денеска се одржа третиот состанок оваа година на лидерите на Србија, Грција, Бугарија и Романија, на кој во фокусот беа инфраструктирното и енергетското поврзување, приоритетите на романското председавање со ЕУ наредната година и подршка за евроинтеграциите на земјите од регионот. На средбата одлучено е да се формира „иницијативен организационен комитет“ за кандидирањето на […]

Introducing a fair tax?


Zdravko Saveski While the majority of citizens barely make ends meet, the minority rich and ultra-rich do not know which luxury to throw away money at first. This is Macedonia today. More than half of the workers have a salary below 15,000 denars. For that paycheck, most of them grind, sweat, work overtime, on Saturdays, […]

Прв лет на „Флај Босна“


Новата босанско-херцеговска авиокомпанија „ФлајБосна“ утрово го реализираше првиот лет од Софија до Сараево со авион од типот „Ербас А319“, со 156 места. Капетанот Амир Баралиќ по слетувањето на сараевскиот аеродром изјави дека летот бил мошне емотивен. – Првиот лет помина многу емотивно, бидејќи сите не поздравија и сите се радуваат, од Србија, преку Бања Лука […]

Запленети 60 кг марихуана, уапсени тројца државјани на Албанија


Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција, со поддршка на ОСПО, ноќеска пресекле уште еден меѓународен канал за недозволена трговија со марихуана, при што се запленети околу 60 килограми марихуана и од слобода се лишени тројца државјани на Албанија. Како што соопшти МВР, во 1.40 часот по полноќ на магистралниот […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бараше посебни привилегии за пратениците


СДСМ самите ја иницираа темата за посебни повластици на пратениците, но кога се соочија со револтот на јавноста и граѓаните почнаа да ретерираат и да си ја ишкаат мувата од капата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да работат во интерес на граѓаните, тие отвораат теми со цел да ја манипулираат јавноста и да дефокусираат од суштинските […]

Девет рудари заробени во рудник во Русија поради пожар


Девет рудари се заробени во рускиот рудник Уралкали, поради пожар и чад, соопшти денеска компанијата која управува со рудникот. Компанија соопшти дека е започната операција за спасување по инцидентот во рудникот во местото Соликамск, околу 1.500 километри североисточно од Москва. Меѓутоа, од Службата за вонредни состојби изјавија дека спасувачите не можат да дојдат до рударите, […]

Папата Франциско во божиќна посета на претходникот Бенедикт


Папата Франциско, по повод Божик, го посети својот претходник – Бенедикт 16 во неговата резиденција, соопшти Ватикан. Двајцата пати разговарале во манастирот „Матер Еклезија“ во Ватиканските градини. Германецот Бенедикт (91) живее во манастирот по неговото повлекување од Светиот престол во февруари 2013 година. Папата Франциско и претходните години го посетуваше Бенедикт за Божик.

Тома Димовски преку 22 уметнички дела го претстави „невидливото“


Тома Димовски од Скопје синоќа во Ликовниот салон во Велес се претстави со својата нова изложба „Невидливото“, на која претстави 22 дела – портрети, мртва природа и пејзаж, работени во техниката акрил на платно. Тома Димовски, роден во 1968 година, е лице со посебни потреби кое твори од својата 13-та година. Како што рече промоторката […]

Документарен филм за двојните цркви во Кумановско


Документарен етнолошки филм „Двојните цркви во Кумановско“ од Валентина Андреиќ, кустос од Кумановскиот музеј, вчера беше промовиран во Занаетчискиот дом во Куманово. Филмот го презентира културното наследство и е резултат на долгогодишно истражување на авторката. Прикажани се црквите „Свети Спас“ во Дозвезнце, „Света Петка“ во Младо Нагоричане, „Света Параскева“ во Мургаш, „Света Петка“ во Пезово […]