(ВИДЕО) Унгарците се кренаа против Виктор Орбан


Илјадници Унгарци се собраа вчеравечер на маршот против премиерот Виктор Орбан, кој е в организација на сатирична политичка партија „Куче со две опашки“ (МККП).

Протестот е организиран по усвојувањето на два контроверзни закони, кои критичарите го нарекоа „робовладетелски закон“, а МККП, во својот дух, организираше протест со цел „да ја поддржат владината политика, Божик и паѓањето на снегот”.

„Робовладетелскиот закон” им овозможува на работодавачите да бараат до 400 часа прекувремено работно време секоја година, додека вториот закон претставува темел за основање судови за кои критичарите велат дека можат да бидат предмет на политички манипулации.

Еден од демонстрантите носеше транспарент со натпис „Среќен шеф, мрачна недела”.

„Конечно можеме да работиме осум дена во неделата и повеќе не мораме да се занимаваме со независните судови. Бездомниците се елиминирани. Иритатните странски школи ќе исчезнат. И да, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос, Сорос“, се наведува во поканата за денешниот собир, објавена на Фејсбук.

Премиерот Орбан постојано тврди дека протестите се поттикнати од платениците на Сорос, а Фондот за отворено општество на Сорос таквите тврдења ги демантираше.