УЕФА објави рекордни премии за учесниците на ЕП 2020


Франција – Европската фудбалска централа (УЕФА) објави рекордни премии за тимовите кои ќе учествуваат во финалната фаза на Европското првенство во 2020 година. Вкупниот награден фонд на турнирот ќе изнесува 371 милиони евра, објави официјалната веб-страница на УЕФА. Зголемувањето е за 23 отсто. Наградниот фонд на ЕП 2016 во Франција изнесуваше 301 милиони евра.

Секој од 24-те финалисти ќе добие минимум 9,25 милиони евра за време на групната фаза, тимовите ќе освојат дополнителни 1,5 милиони за победа и 750 илјади за нерешено. За поминување во осминафиналето, премијата е 2 милиони евра за секој тим во четвртфиналето – по 3,25 милиони евра, во полуфиналето – по 5 милиони евра.

Победникот на турнирот ќе добие 10 милиони евра, а финалистот – 7 милиони евра. Така на пример, шампионот на ЕП 2020 може да заработи 34 милиони евра, ако освои три победи во својата група. На ЕП 2016 оваа сума изнесуваше 27 милиони евра.

Европското првенство во 2020 година за прв пат ќе се одржи во 12 различни градови на Европа. Тоа се Санкт Петербург, Амстердам, Баку, Билбао, Будимпешта, Букурешт, Копенхаген, Даблин, Глазгов, Лондон, Минхен и Рим. Полуфиналето и финалето ќе се играат во Лондон.