Магливо и студено време


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб северен, а во југоисточните делови умерен северозападен ветер. По котлините во поголем дел од денот ќе се задржи магливо и студено време, а само попладне се можни кратки сончеви периоди, соопшти УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени. Во […]

Сенатот на САД не постигна договор за спречување на делумната блокада на Администрацијата


САД – Членовите на Американскиот Сенат не успеаја да постигнат компромис околу законот за финансирањето на федералните институции, со што би се спречила делумната блокада на Администрацијата, што започна од ноќеска на полноќ по локално време во Вашингтон (6 часот утрово по средноевропско време). Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Мекконел соопшти дека синоќешната сенатска […]

Се нормализира авиосообраќајот на скопскиот аеродром


Утрово од скопскиот аеродром се реализирани две полетувања, едното за Лондон, а другото за Гетегорг, откако од вчера попладне и ноќеска поради магла и намалена видливост летовите беа откажани или пренасочени кон други аеродроми. Од информативниот систем на официјалната веб страница на аеродромот „Скопје“ може да се види дека одредени летови до и од Скопје […]

Романците ја одбележаа годишнината од бунтот против Чаушеску


Романија- Неколку илјади Романци синоќа учествуваа на протесна прошетка низ улиците на Букурешт, одбележувајќи ја на тој начин годишнината од почетокот на бунтот против последниот романски комунистчки лидер Николае Чаушеску во 1989 година. Демонстрантите носеа романски занмиња и свеќи и скандираа „Не сакаме да не управуваат крадци“ и пароли против владејачката Социјалдемократска партија. Тие повикаа […]

Три лица под истрага, едно во бегство за пукањето во Чаир


Три лица се лишени од слобода и ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, а едно лице е во бегство во врска со пукањето што се случи пред два дена на паркинг позади маркет во Чаир. Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека е поведена истражна постапка против три лица за кои постои основано […]

Традиционална трка на дедомразовци во Скопје


Во Скопје денеска ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во центарот на главниот град. Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер, па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само два километри и можат да ја истрчаат […]

Годинава 370,7 милиони евра поврат на ДДВ за фирмите


Повратот на ДДВ кон фирмите достигна 22,8 милијарди денари или 370,7 милиони евра, заклучно со ноември. Тоа се 18 отсто повеќе во однос на лани. Министерот за финансии Драган Тевдовски вели дека повратот на ДДВ сега, за разлика од порано, се одвива редовно и навремено – по автоматизам. Тевдовски посочува дека годинава е oстварен висок […]

„Македонија-Блокира“ ќе го блокира патот Кичево – Охрид кај село Другово


 „Македонија-Блокира“ најави дека денеска во периодот од 13:00 до 15:00 часот ќе го блокира патниот правец Кичево-Охрид. Блокадата, како што посочуваат од „Македонија Блокира“ е рамките на активностите за протести и блокади и надвор од Скопје и со цел спречување на промена на Уставот.

Почина британскиот политичар и дипломат Педи Ешдаун


Англија– Британскиот политичар и поранешен висок претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Педи Ешдаун, почина вчера на 77-годишна возраст. Британската партија Либерални демократи, чиј лидер беше Ешдаун од 1988 до 1999 година, соопшти дека тој починал по „кратко боледување“. Ешдаун неодамна беше хоспитализиран поради рак на мочниот меур. Ешдаун беше роден на 27 […]

Мицкоски: До 11 јануари ќе објавиме оглас за кандидат за претседател


Најдоцна до 11 јануари опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави огласот за пријавување кандидати за претстојните парламентарни избори во Македонија, а конвенцијата за претставувањето на кандидатите ќе се одржи на 16 февруари 2019 година, соопшти претседателот на партијата Христијан Мицкоски. -На седницата на Извршниот комитет на партијата, разговаравме за две точки. Првата е актуелната економвско-политичка ситуација […]

Протести во Истанбул поради растот на цените


Турција – Неколку илјади лица, меѓу кои дел носеа и жолти елеци, се собраа денеска на протест во Истанбул во знак на незадоволство од растот на цените во Турција. Протестите се одржаа во организација на Конфедерацијата на синдикатите на вработените во државниот сектор. На собирот пристигнаа демонстранти од повеќе делови на Турција. Учесниците на протестите извикуваа […]

Реал трет пат по ред светски клупски шампион


Абу Даби– Реал Мадрид го победи Ал-Аин вечерва во финалето на светското клупско првенство со 4:1 и трет пат во низа го освои трофејот во ова планетарно натпреварување. Стрелци на головите за европскиот тим беа Лука Модриќ и Маркос Љоренте, Серхио Рамос и Надер (автогол). Голот за шампионот на Обединетите Арапски Емирати беше дело на Сиотани. […]

Аферата со дизел возилата во 2019 ќе го чини „Фолксваген“ две милијарди евра


Германија – Аферата со лажирањето на податоците за емисиите на штетни гасови од дизел возилата, во текот на 2019 година ќе го чини германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ уште дополнителни две милијарди евра, објави неделникот „Борзен цајтунг“. Во изјава за германскиот весник, главниот финансиски директор на „Фолксваген“, Франк Витер вели дека тие две милијарди евра ќе се […]

Вчерашниот инцидент во Виена – пресметка на балканската мафија


Австрија – Со сигурност може да се каже дека вчерашниот вооружен инцидент во центарот на Виена, при што загина едно лице, а друго беше повредено, претставува пресметка на балканската мафија, соопшти денеска австриската полиција. – Во оваа фаза од истрагата се укажува дека инцидентот е поврзан со организираниот криминал од Западниот Балкан, изјави неименуван претставник на […]

Поради магла откажани и пренасочени дел од летовите од скопскиот аеродром


Поради магла и намалена видливост откажани се или пренасочени дел од летовите до и од Скопје, потврдија од М-НАВ. Од аеродромот „Скопје“  попладнево се пренасочени три лета. Едниот авион кој од Цирих требаше да слета во Скопје е пренасочен кон аеродромот во Приштина, а другиот од Варшава е пренасочен кон Отопени. Кон Приштина бил пренасочен и […]

Почина либералниот саудиски „црвен принц“ Талал бин Абдул Азиз


Саудиска Арабија – Полубратот на сaудискиот крал Салман, принцот Талал бин Абдулазиз, познат меѓу Саудијците како „црвениот принц“, почина на 87-годишна возраст. – Алах го повика принцот Талал во сабота, објави денеска на Твитер неговиот син, милијардерот Ал Валид бин Талал Ал Сауди. Принцот Талал бин Абдулазиз беше познат по своите либерални убедувања и важеше за […]

Во Кривичниот суд пристигнуваат барања за амнестија од обвинетите за „27 април“


Обвинети за настаните во Собранието од 27 април минатата година од вчера почнале да доставуваат барања за амнестија до скопскиот Кривичен суд. Барањата обвинетите можат да ги доставуваат до Судот лично и по пошта. Законот за амнестија завчера беше објавен во Службен весник на Република Македонија, откако на него беше ставен потпис од претседателот на државата, Ѓорѓе […]

Дедо Мраз слета на аеродромот во Скопје: Пакетчиња за децата на припадниците на АРМ


Транспортен хеликоптер МИ-8/18, од воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија на воениот дел од меѓународниот аеродром Скопје, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално и оваа година го донесе „Дедо Мраз“. Омилениот новогодишен лик кај најмладите, подели повеќе од 500 новогодишни пакетчиња на деца од загинатите припадници на воздухопловната бригада, како и на  вработени […]

Леди Гага во Лас Вегас: Секоја вечер заработка од 1 милион долари


САД- Поп-ѕвездата и актерка Леди Гага потпиша двогодишен договор за шоу во Лас Вегас во наредните две години. Шоуто е замислен како „Енигма“ –концерти со поп-музика и Џез и пијано шоу- со оригинални песни. Првиот концерт е закажан за 28 декември, а ќе има 74 концерти. „Варајети“ пренесува дека ѕвездата за секоја вечер настап ќе […]

Интимна џез-вечер со Џон Илија Апелгрен и Гордан Спасовски во Филхармонија


Џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски вечер од 20 часот во камерната сала на Македонската филхармонија ќе одржат заеднички концерт насловен  „Midnight conversation“. Во очи новогодишните празници, Апелгрен и Спасовски ќе приредат интимен, тивок перформанс кога ќе прозвучат најубавите композиции од светската џез-литература. Концертот со пијано и глас ќе донесе комплексна, но атрактивна […]