Реал трет пат по ред светски клупски шампион


Абу Даби– Реал Мадрид го победи Ал-Аин вечерва во финалето на светското клупско првенство со 4:1 и трет пат во низа го освои трофејот во ова планетарно натпреварување.

Стрелци на головите за европскиот тим беа Лука Модриќ и Маркос Љоренте, Серхио Рамос и Надер (автогол).

Голот за шампионот на Обединетите Арапски Емирати беше дело на Сиотани.

За актуелниот европски шампион ова е вкупно четврти трофеј на светското клупско првенство (2014, 2016, 2017 и 2018 година).

Во дуелот за 3.место, Ривер Плејт ја победи Кашима со 4:0.