Леди Гага во Лас Вегас: Секоја вечер заработка од 1 милион долари


САД- Поп-ѕвездата и актерка Леди Гага потпиша двогодишен договор за шоу во Лас Вегас во наредните две години.

Шоуто е замислен како „Енигма“ –концерти со поп-музика и Џез и пијано шоу- со оригинални песни.

Првиот концерт е закажан за 28 декември, а ќе има 74 концерти.

„Варајети“ пренесува дека ѕвездата за секоја вечер настап ќе инкасира по 1 милион долари што е двојно повеќе од настапите на Селин Дион и Бритни Спирс во Лас Вегас.