Дедо Мраз слета на аеродромот во Скопје: Пакетчиња за децата на припадниците на АРМ


Транспортен хеликоптер МИ-8/18, од воздухопловната бригада на Армијата на Република Македонија на воениот дел од меѓународниот аеродром Скопје, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, традиционално и оваа година го донесе „Дедо Мраз“.

Омилениот новогодишен лик кај најмладите, подели повеќе од 500 новогодишни пакетчиња на деца од загинатите припадници на воздухопловната бригада, како и на  вработени во оваа бригада и останатите команди и единици на АРМ и Министерството за одбрана.