Слаб одѕив на протестите на „жолтите елеци“ денеска во Париз


Околу 800 лица се собраа денеска на протестниот марш на „жолтите елеци“ во Париз, што започна од пред базиликата „Свето срце“ на Монмартр, соопшти француската полиција.

Според Франс интернасионал, на протестот, пак, во Версај, кој беше најавуван како еден од помасовните, се собрале само неколку десетици демонстранти.

Во пресрет на денешните шести по ред саботни протести на „жолтите елеци“, француската полиција за одржување на редот ангажираше околу 4.000 полицајци, од кои над 1.200 само во Париз.

Како што јави ДПА, во Стразбур се собрале околу 100 лица, кои протестирале на мостот „Европа“, во близина на француската гранци со Германија, поради што бил предизвикан застој во сообраќајот меѓу двете земји.

Поради протести на „жолтите елеци“, застои во сообраќајот имаше и на патиштата во југозападна Франција, што водат кон границата со Шпанија.

На протсетите на „жолтите елеци“ минатата сабота учествуваа околу 66.000 лица, но по одлуката на претседателот на Франција, Емануел Макрон на почетокот на неделава да направи отстапки, кои вклучуваа и откажување од најавеното зголемување на таксите за горивата, протестните собири почнаа да губат на интензитет и масовност. с