Албанија забрани увоз на автомобили постари од десет години


Во Албанија од вечерва на полноќ стапува во сила забраната за увоз  на автомобили постари од десет години, односно, во земјата ќе можат да влезат само возила кои исполнуваат стандард „Евро четири“. За камиони и автобуси, дозволената старост на производство ќе изнесува 15 години. Постои простор за возила од историски интерес и колекционерство, за кои …

Албанија забрани увоз на автомобили постари од десет години Read More »

Ѓорчев до Заев: Не можете да си нарачате опозиција


Пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието на премиерот Зоран Заев му порача дека не власта не може да си нарача опозиција со уцени на пратеници. „Господине Заев вие не може да си нарачате опозиција затоа што легитимитетот го дава народот и граѓаните. Не може да си нарачате опозиција која де-факто ќе …

Ѓорчев до Заев: Не можете да си нарачате опозиција Read More »

Во Париз повредени најмалку 65 демонстранти и полицајци


Во денешните судири во Париз помеѓу демонстрантите и полицијата за време на протестот на „жолтите елеци“ поради зголемување на таксата за гориво повредени се најмалку 65 луѓе, од кои 11 полицајци. Приведени се повеќе од сто демонстранти. Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми. Полицијата употреби …

Во Париз повредени најмалку 65 демонстранти и полицајци Read More »

Членките на Г-20 се согласија за реформи на СТО


Земјите-членки на Г-20 се согласија да се посветат на реформи на Светската трговска организација (СТО), изјавија неименувани европски претставници. Претходно портпаролот на организаторот на Самитот на Г-20 изјави дека лидерите се многу блиски до договор за реформи на СТО и оти „постигнале голем напредок во трговските преговори“. Според нив, прашањето за миграцијата и бегалците ќе …

Членките на Г-20 се согласија за реформи на СТО Read More »

Борба за името на ВМРО-ДПМНЕ


Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието побараа пратениците кои неодамна беа исклучени од нивната партија да не го користат името и симболите на најголемата опозициска партија. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски се обрати до претседателот на Собранието, Талат Џафери и информираше дека до Собранието бил исптаренен допис, потпишан од генералниот секретар на …

Борба за името на ВМРО-ДПМНЕ Read More »

Интервју со Петре Шилегов, градоначалник на Скопје: Не се кријам од ниту еден проблем


Скопскиот градоначалник Петре Шилегов заокружи една година од својот мандат. Главниот град го наследи со многу проблеми, а дел од нив сè уште ги мачат граѓаните. Загадениот воздух, нехигиената, урбанизацијата, јавниот транспорт, се само дел од темите на кои градската власт уште долго ќе мора да се труди да изнајде решенија. Шилегов тврди дека работи …

Интервју со Петре Шилегов, градоначалник на Скопје: Не се кријам од ниту еден проблем Read More »

Се подготвува ли и изборен бојкот? Џафери може да стане шеф на државата


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не размислува за бојкот на претседателските избори, велат од партијата, откако аналитичарот Александар Пандов пласираше таква идеја преку националната телевизија. Според поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, опозициската партија треба да ги бојкотира претстојните избори доколку не издејствува тие да се одржат заедно со предвремени парламентарни избори, како што беше во 2014 година. Во изминатите …

Се подготвува ли и изборен бојкот? Џафери може да стане шеф на државата Read More »

Мицкоски: Одговорноста за прислушувањето во ЈОРМ е на Зоран Заев


Одговорноста за скандалот со прислушувањето во Обвинителството е на Зоран Заев, кој е година и пол премиер и ја контролира и централната и локалната власт, објави на својот Фејсбук-профил претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. – Клекнато и уценето обвинителство и судство. Пукања, убиства, криминалци на слобода, Македонија претворена во држава на криминалот, завиена со црнила, држава …

Мицкоски: Одговорноста за прислушувањето во ЈОРМ е на Зоран Заев Read More »

Независните пратеници сега се воздржани


Осумтемина пратеници кои беа исклучени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат воздржано за нацрт-амандманите на Уставот за што расправата почна денеска во Собранието. Ова го соопшти пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, потсетувајќи го премиерот дека процесот на уставни измени е врзан со процесот на помирување и простување. Тоа значи ретерирање во ставот на новата …

Независните пратеници сега се воздржани Read More »

(Фото)Протест пред Собранието против уставните измени


Пред Собранието на Република Македонија, истовремено со одржувањето на пленарната седница, се одржува протестот против уставните измени, организиран од „Македонија Блокира“. Страшо Ончев од здружението „Македониум” рече дека агендата која ја работат во Собранието не е македонска и дека имаат неколку барања кои денеска ќе ги порачаат од протестот. – Ова што се случува во …

(Фото)Протест пред Собранието против уставните измени Read More »

Заев: Амандманите ќе важат само ако Грција ги исполни своите обврски


Собранието на Република Македонија денеска на 64. седница расправа за текстот на нацрт-амандманите на XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија. Премиерот Зоран Заев образложувајќи ги амандманите, кои произлегуваат од Договорот од Преспа, рече дека тие ќе бидат инкорпорирани во Уставот само доколку Грција ги изгласа спогодбата и даде поддршка за Протоколот …

Заев: Амандманите ќе важат само ако Грција ги исполни своите обврски Read More »

ЈОРМ: Се снимало од 2013 година


Постојат индиции кои укажуваат дека снимањето на телефонската комуникација остварена преку фиксна телефонска мрежа во зградата на Јавното обвинителство, траело од набавката и инсталирањето на опремата, односно од 2013 година, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Македонија. Од ЈОРМ истакнуваат дека со исклучителна сериозност и внимателност се проверуваат сите аспекти, со оглед на големиот интерес …

ЈОРМ: Се снимало од 2013 година Read More »

Пукање во центарот на Тетово, нема повредени, има приведени


Нема повредени во оружениот инцидент што синоќа нешто по 21 часот се случи на булеварот „Маршал Тито“ во центарот на Тетово, информираа од теовската полиција. Пукањето со огнено оружје било пријавено во полиција околу 21 часот и 10 минути од страна на граѓанин. Полицијата по добиени сознанија дека учествувале во престрелката привела три лица – …

Пукање во центарот на Тетово, нема повредени, има приведени Read More »

Дизајнерите за Нова година: Бидете дама во црвено


Црвеното во Македонија за некого е рај, за некого пекол. За некого актуелно, а за некого веќе видено. Зависи: Дали сте храбри. Дали сте модерни. Дали сте патриоти. Дали сте партиски обоени. Дали сте срамежливи. Дали сте се изгореле. Дали сте се посрамотиле. Дали сакате да ве забележат. Дали сте поминале на црвено. Дали сте …

Дизајнерите за Нова година: Бидете дама во црвено Read More »

За скандалот со снимањето власта прстот го вперува кон Зврлевски и Панчевски


Премиерот Зоран Заев кој синоќа обелодени дека освен разговорите на обвинителите, снимани биле и фиксните телфони во Кривичниот суд, во својата изјава без да спомене имиња, сомневањата ги насочи кон поранешниот републички обвинител Марко Зврлевски и поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, односно дека тие стојат зад скандалот со снимање на судии …

За скандалот со снимањето власта прстот го вперува кон Зврлевски и Панчевски Read More »

Македонија и Бугарија заеднички да ги одбележуваат Св.Кирил и Методиј и на Прличев


Мултидисциплинарната експертска комисија меѓу Бугарија и Македонија ќе им прдложи на владите на двете земји заедничко одбележување на Денот на Светите браќа Кирил и Методиј и на Григор Прличев, соопштија по дведновните разговори во Софија копретседателите на комисијата од бугарска и од македонска страна Ангел Димитров и Драги Георгиев, пренесува БТА. -Со нашите колеги од …

Македонија и Бугарија заеднички да ги одбележуваат Св.Кирил и Методиј и на Прличев Read More »

Во Собранието почнува втората фаза од уставните измени


Во Собранието на Република Македонија денеска продолжува дебатата за уставните амандмани. Пленарната седница може да трае 12 дена, бидејќи за секој амандман е предвидена дебата од три дена. Во оваа втора фаза за усвојување на амандманите е потребен 61 глас. Сепак, очекувањата според, претседателот на Собранието се дека седницата ќе заврши многу побргу. Седницата е …

Во Собранието почнува втората фаза од уставните измени Read More »

Почина Џорџ Буш постариот


Поранешниот претседател на САД Џорџ Буш постариот почина синоќа на 94-годишна возраст во неговиот дом во Хјустон, Тексас. Веста за смртта на 41. претседател на САД ја објави неговиот син, поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот. – Џеб, Нил, Марвин, Дороти и јас со жал ве известуваме дека по 94 забележителни години почина нашиот почитуван татко. …

Почина Џорџ Буш постариот Read More »

Ѓорчев: Приоритет ми е воздухот, а на Шилегов видео-игрите


Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов им се извини на граѓаните што играше игри на својот мобилен телефон додека во Собранието се расправаше за загадениот воздух, но забележа оти тоа било негов однос кон Влатко Ѓорчев, кон паушалните изјави и лицемерното однесување на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ. На изјавата на Шилегов дадена во денешното интервју за „Независен весник“, …

Ѓорчев: Приоритет ми е воздухот, а на Шилегов видео-игрите Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Вашата сегашна позиција е добро утврдена, сѐ што треба е да имате е такт: вештина да се чека трпеливо додека се сменат условите. Искористете го викендот во дружење, правење планови и избори, како стар капетан кој што се лула во својата столица на палубата од бродот. Уживајте во благосостојбата! БИК: Откако ги остваривте своите намери …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов Read More »