Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Вашата сегашна позиција е добро утврдена, сѐ што треба е да имате е такт: вештина да се чека трпеливо додека се сменат условите. Искористете го викендот во дружење, правење планови и избори, како стар капетан кој што се лула во својата столица на палубата од бродот. Уживајте во благосостојбата!

БИК: Откако ги остваривте своите намери во реалниот свет, сега е време да ги избаланисрате спротивставените тенденции. Физичката реалност се омекнува  со поетска инспирација, а друштвениот и политички конзерватизам со доброволна работа. Бидете внимателни и користете ја својата енергија умерено.

БЛИЗНАЦИ: Не гледајте кон минатото, бидејќи не одите во тој правец. Бидете дискретни во однос на интимните работи и не избрзувајте во ништо. Не се ставајте во ситуација да ги браните своите ставови, ниту пак брзајте да го грабнете првото нешто што светка. Ова е време за чекање, затоа најдете време за дружење. Мир.

РАК:Бидете внимателни – евидентно е дека делувате во својот сопствен интерес, затоа застанете да видите што успеавте до сега, а што допрва следи. Можеби успеавте да победите преку дискутабилни начини, но вистинската битка е сепак пред вас. Играјте чесно и истото ќе ви се врати. Обрнете малку внимание дома.

ЛАВ: Се чувствувате подмладено во дружењето со млади луѓе и помеѓу вас струи природно исцелување и респект. Размислете дали да ги имплементирате нивните сугестии околу вашите проекти и искористете го овој поволен момент – планетите ве поддржуваат! Уживајте раскошно во овие ретки случки на среќа.

ДЕВИЦА: Не е добро да си поставите амбициозни цели, туку да најдете време да се одморите од суровата реалност. Ова најдобро се прави со користење на малку хумор – нема потреба од очајување! Плановите ќе функционираат само ако се усогласени, сѐ друго би било импровизација. Набрзо веќе ќе славите. Одмор.

ВАГА: Ладнокрвни и искалкулирани, мислите дека е време за делување. Убаво е што сте дојдени до таков заклучок, но Месечината што се гаси ќе ве натера да ги ревидирате своите планови. Погледнете ги работите од друг агол, имајќи ја крајната слика во фокус. Ова не е време за решителна акција, туку медитација.

СКОРПИЈА: Внимавајте на апатијата и променливите расположенија – не може да работите сѐ одеднаш, туку одберете еден проект и довршете го до крај. Денес сакате едно, утре веќе нешто друго. Најдобро е да ги ревидирате своите планови и сватите дека се преобемни. Со ова ќе завршите голема работа. Потоа е лесно.

СТРЕЛЕЦ: Финансиската ситуација треба да се разреши мудро – Месечината во Вага ќе ви ги донесе потребните партнерства со кои што ќе дојдете до кретивни солуции. Од друга страна, пак, планетите во вашиот знак ви даваат супер сила. Сепак не брзајте, делувајте во рамките на хуманото и повторно ќе оставите впечаток.

ЈАРЕЦ: Дел од работите се под контрола и сега имате време да размислувате за минатите успеси. Сепак тие не се трајни, затоа размислете како би можеле понатаму да напредувате. Идеи има, но потребен е тим со кој ќе се дојде до резултат.Одберете добро која опција е најисплатлива и следете ја страсно потоа.

ВОДОЛИЈА: Пред вас се сериозни одлуки, планови и избори – ве очекува работа која што е најдобро да се изведе тимски. Нема потреба од искраднувања, тајни шеми или преголеми предизвици, туку за разумно спреман почеток. Играјте фер и се ќе биде во ред. Прво добро разгледајте во што се впуштате, а потоа делувајте.

РИБИ: Убав период да се повлечете и одморите: ќе сватите дека сте победник со самото тоа што се трудите. Запамтете, вие го давате најдоброто од себе! Нема потреба за апатија. Треба да ја цените својата сила и слабости и да прифатите конструктивен критицизам. Набрзо се враќате со горечка страст. Сега одморете!

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]