Членките на Г-20 се согласија за реформи на СТО


Земјите-членки на Г-20 се согласија да се посветат на реформи на Светската трговска организација (СТО), изјавија неименувани европски претставници. Претходно портпаролот на организаторот на Самитот на Г-20 изјави дека лидерите се многу блиски до договор за реформи на СТО и оти „постигнале голем напредок во трговските преговори“.

Според нив, прашањето за миграцијата и бегалците ќе биде сведено на минимум во соопштението, што ќе биде објавено подоцна, на крајот од дводневниот Самит на Г-20, што се одржува во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес. За климатските промени, пак, нема да има отстапување од претходните ставови.

Соопштението, пред да биде објавено, треба да биде одобрено од земјите-членки на Г-20