Во Париз повредени најмалку 65 демонстранти и полицајци


Во денешните судири во Париз помеѓу демонстрантите и полицијата за време на протестот на „жолтите елеци“ поради зголемување на таксата за гориво повредени се најмалку 65 луѓе, од кои 11 полицајци. Приведени се повеќе од сто демонстранти.

Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми. Полицијата употреби солзавец против демонстрантите кои се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон на Елисејските полиња.

Француските власти стравуваат дека приврзаници на ултра десницата и на левицата се обидуваат да се инфилтрираат во движењето „жолти елеци“ кои протестираат поради зголемување на таксите на горивото. Полицијата употреби солзавец и против „жолтите елеци“ пред Триумфалната капија, кои фрлаа камења врз припадниците на безбедносните сили