Прв триумф на Федерер на Мастерсот во Лондон


Англија- Швајцарскиот тенисер, Роџер Федерер ја забележа првата победа на Мастерсот во Лондон. Тој синоќа беше поуспешен од Австриецот Доминик Тим со што ги задржа шансите за полуфинале. Резултати на мечевите од 2.коло во Б-групата: Кевин Андерсон – Кеи Нишикори 2-0 (6:0 и 6:1) Роџер Федерер – Доминик Тим 2- (6:2 и 6:3). Денес на програмата […]

Премиерот на Малта во официјална посета на Македонија


Делегација на Република Малта предводена од премиерот Џозеф Мускат денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија. Делегацијата, со највисоки државни и воени почести, ќе биде пречекана на платото пред македонската Влада од страна на премиерот Зоран Заев. Се очекува двајцата премиери да одржат заедничка прес-конференција во 11:40 часот во медија центарот на Владата.

Дебата за кандидатурата на Скопје за Европска престолнина на културата во 2028 година


Во Универзалната сала денеска ќе се одржи конференција, каде граѓаните и професионалната јавност ќе бидат информирани за значењето на титулата Европски град на културата, начинот и процесите до поднесување на апликацијата за таа престижна европска титула. Настанот ќе се одржи по повод интересот на Град Скопје да се кандидира за Европска престолнина на културата во […]

Продолжува судењето за „Тревник“


Во Кривичниот суд треба да се одржи рочиште за случајот „Тревник“, каде обвинети се Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд-куќи во Зелениково. Според СЈО, обвинетите изградиле три викенд-куќи во општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил викендичка […]

Сончево, попладне променливо


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево, попладне променливо облачно и студено со услови за локален дожд, а на повисоките места и планините за снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за прочистување на воздухот по котлините. Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од 12 […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Доаѓате до момент во животот кога сте поддржани од планетите да направите радикални промени и наоѓате луѓе со кои зборувате ист јазик. Радоста се состои во тоа да се биде разбран и оттаму ја влечеме силата да се поврземе на поинтимно ниво. Затоа кажете што мислите и продолжете понатаму храбро. БИК: Сега ви е потребна постепена […]

Јанева: СЈО побара притвор за Груевски кога некои други не можеа ни име да му споменат


Специјалното јавно обвинителство (СЈО) побара притвор за Никола Груевски уште во февруари 2016 година кога некои други не можеа ни име да му споменат, а до минатиот четврток воопшто не одаваше некои настапи дека нема да се јави на суд за да најдеме причина плус зошто повторно би побарале да биде ставен во притвор, порача […]

Куртоа за добрата форма на Реал: Сега имаме повеќе самодоверба


 Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа призна дека тој и неговите соиграчи играат посамоуверено по разрешувањето на Хулен Лопетеги. Под раководство на Сантијаго Солари, „кралевите“ имаат четири последователни победи во сите натпреварувања. – Единствената разлика по разрешувањето на Лопетеги е дека сега имаме самодоверба. Пред тоа често бевме разочарани, дозволувавме лесно да ни постигнуваат голови, […]

Барселона троши речиси половина милијарда евра за плати на фудбалерите


Британскиот весник „Дејли мејл“ објави листа на трошоците што ги имаат фудбалските клубови во Европа за плати на нивните играчи. На првото место на листата на 15-те најголеми „трошаџии“ во европскиот фудбал е Барселона, која на своите ѕвезди годишно им плаќа  487 милиони евра, што е речиси 100 милиони повеќе од вториот на „табелата“ Реал […]

Руни: Ќе ја завршам фудбалската кариера во САД


Англискиот напаѓач Вејн Руни ја отфрли можноста да се врати во Манчестер Јунајтед и објави дека планира својата фудбалска кариера да ја заврши во САД. Рекордерот по постигнати голови за Англија и „црвените ѓаволи“ доби последна покана за настап за англиската репрезенатција и ќе игра во контролниот меч против САД. – Јас одлучив да одам […]

Спасовски: Да се одбие барањето за азил и Груевски да биде екстрадиран во Македонија


Единствено што сметам дека е исправно е тоа да се одбие барањето за азил и Никола Груевски да биде екстрадиран во Македонија и да ја извршува казната. Тоа е принцип за кој сите ние се залагаме и тоа се европски принципи за кои секојдневно разговараме и во Република Македонија. Ова вечерва го истакна вицепремиерот и министер […]

Семејството на Груевски е во Македонија


Сопругата на Никола Груевски вчера била дома и им овозможила на припадниците на МВР да извршат проверка , а денеска истото е направено и во домот на неговата мајка, вели Спасовски во „Само вистина“ на ТВ Канал 5. Според него, Груевски не избегал преку воздушен пат.  Тој вели дека има ,,зелени” премини преку границата кои не можат […]

Распишана меѓународна потерница за Груевски


Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница објави дека е распишана меѓународна потреница за поранешниот перимиер Никола Груевски кој се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело – примање награда за противзаконито влијание. Претхходно МВР соопшти дека по направените соодветни проверки, утврдило дека лицето Никола Груевски се наоѓа […]

ЕК за бегството на Груевски: Владеењето на правото е темелен принцип на ЕУ


Европската комисија одбива да го коментира барањето азил на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, и потсетува дека владеењето на правото е темелен европски принцип. -Владеењето на правото е темелен принцип на Европската унија за земјите членки исто како и за земјите кандидати. Очекуваме сите страни да се однесуваат строго во согласност со релевантните правила, […]

Земјотрес почувствуван во западна Македонија


Земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 180 километри западно од Скопјe, во Република Црна Гора, е регистриран денеска во 14 часот и 47 минути. Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, неговата Рихтерова магнитуда изнесува 4,4, а беше почувствуван од населението во западните делови од Републиката со интензитет од III степени според Европската […]

Миленко Неделковски ја објавува рутата на бегството на Груевски


Миленко Неделковски, кој е близок со структури на ВМРО-ДПМНЕ, објави на својот Фејсбук-профил преку кои патишта Никола Груевски заминал во Унгарија и таму побарал политички азил. Според она што го пишува Неделковски, на Груевски му помогнале Иван Стоиљковиќ, Стевчо Јакимовски, а во Србија му било помогнато од структурите на власта на Александар Вучиќ.

И МНР потврди дека Груевски е во Будимпешта


Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Република Унгарија во Скопје, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски, со цел проверка на информацијата и по дипломатски канали дека поранешниот премиер Никола Груевски пребегал во Будимпешта и побарал азил во Унгарија, информираат од МНР. По средбата во МНР, додаваат, потврда за веродостојноста […]

МВР потврди-Груевски е во Унгарија


Министерството за внатрешни работи потврди дека поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил. ,,По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело  ‘примање награда за противзаконито влијани’, се наоѓа во […]

Spasovski fajëson Gjykatën për arratisjen e Gruevskit


Policia nuk kishte të drejtë pa pasur akt vendim të pengojë lirinë e Gruevskit, e as që t’i afrohet atij, të ndjek ose të merr ndonjë masë tjetër. Për këtë duhet të ekzistojnë urdhra gjyqësore, kështu ka deklaruar kryeministri Zoran Zaev, duke u përgjigjur pyetjes se tek kush është faji që Gruevski ende nuk është […]

Озил одбил плата од милион фунти неделно


Агентот на Месут Озил, Еркут Согут, откри дека неговиот клиент го одбил предлогот за неделна плата од неверојатни еден милион фунти. Предлогот дошол непосредно пред да го потпише неговиот нов договор со Арсенал и бил од азиски клуб. Во моментов, плејмејкерот на „Емирати“ заработува 350.000 фунти неделно. – Имавме навистина големи понуди од Азија, навистина […]