Миленко Неделковски ја објавува рутата на бегството на Груевски


Миленко Неделковски, кој е близок со структури на ВМРО-ДПМНЕ, објави на својот Фејсбук-профил преку кои патишта Никола Груевски заминал во Унгарија и таму побарал политички азил. Според она што го пишува Неделковски, на Груевски му помогнале Иван Стоиљковиќ, Стевчо Јакимовски, а во Србија му било помогнато од структурите на власта на Александар Вучиќ.