Распишана меѓународна потерница за Груевски


Министерството за внатрешни работи на својата веб-страница објави дека е распишана меѓународна потреница за поранешниот перимиер Никола Груевски кој се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело – примање награда за противзаконито влијание.

Претхходно МВР соопшти дека по направените соодветни проверки, утврдило дека лицето Никола Груевски се наоѓа во Република Унгарија.

-Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското Министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил. Министерството за внатрешни работи го информира Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски, стоеше во соопштението.