МВР потврди-Груевски е во Унгарија


Министерството за внатрешни работи потврди дека поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил.

,,По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело  ‘примање награда за противзаконито влијани’, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил”, се вели во соопштението.

Министерството за внатрешни работи го информирало Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување меѓународна потерница за осудениот експремиер Никола Груевски.