Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Доаѓате до момент во животот кога сте поддржани од планетите да направите радикални промени и наоѓате луѓе со кои зборувате ист јазик. Радоста се состои во тоа да се биде разбран и оттаму ја влечеме силата да се поврземе на поинтимно ниво. Затоа кажете што мислите и продолжете понатаму храбро.

БИК: Сега ви е потребна постепена соработка со останатите, а тоа е бавен процес кој бара пожртвуваност, посветеност и истрајност. Нема потреба од преголемо напрегање, заземете поумерен став и добро разгледајте ги понудените опции. Секое претерување води кон неумереност, затоа избирајте мудро – шанси има.

БЛИЗНАЦИ: Месечината во Водолија ја поддржува вашата благосостојба и среќа и денес чувствувате исполнето како никогаш до сега! Имате интересни идеи, знаете каде целите и колку вредите, а останатите ве забележуваат и имаат нешто да понудат. Освежени и расположени, ќе дојдете до меѓусебно корисни решенија.

РАК: Планетарната ситуација укажува на тоа дека иако ги имате потребните средства за да напредувате, сепак ќе треба да направите некои отстапки – можеби поради некоја информација рацете ви се врзани и нема можност за прогрес. Сепак, разгледајте ги весело понудените можности и впуштете се во работа.

ЛАВ: Со Венера во Вага успевате да додадете успешно онаму каде што фали и да одземете од местата каде што има изобилно, а се појавуваат и личности кои ќе ви понудат конкретна помош. Сè што треба да направите да ги чуете овие напредни идеи и да не бидете апатични. Размислете добро и реагирајте.

ДЕВИЦА: Денес не ви се работи воопшто и умот како единствено да ви е обземен од мисли за љубов – се борите во себе и некои свои минати неразрешени ситуации и иако претставувате задоволно лице во светот, срцето ви бара љубовни приказни. Бидете умерени, ѕвездите ќе ви покажат дека чувствата се взаемни.

ВАГА: Можеби помошта што ја очекувавте не ги исполни вашите очекувања, но тоа не е причина да не продолжите напред. Велат најтемно е пред да зазори, затоа имајте го ова на ум, најдете сила да станете и продолжите напред. Направете инвентар и листа на приоритети и најдете време за најблиските. Одморете.

СКОРПИЈА: Немојте да сте брзоплети и саркастични и не се расправајте со импулсивни личности – можеби потоа ќе треба да се објаснувате пред повисоки авторитети. Обидете се да ја надминете брзата динамика на денот со поголемо разбирање и сочувство и бидете рецептивини за туѓите сугестии. Вие ја имате таа длабочина.

СТРЕЛЕЦ: Зошто си дозволувате да сте намќорести? Ги имате сите услови за да бидете исполнети и среќни, што е тоа што ја менува вашата перспектива? Дали сте заљубени? Растресени? Избегнувајте ја самобендисаноста, засукајте ракави и впуштете се во реализација на саканите цели. Успешна соработка со колегите.

ЈАРЕЦ: Денес ќе треба да се претставите пред авторитетите и да ја покажете својата умешност, но вие веќе сте изморени, сакате да се фокусирате на својата лична вистина и можеби и да си заминете. Што и да одлучите, направете го тоа со достоинство, немојте да сте дефанзивни и решавајте според своето искуство.

ВОДОЛИЈА: Воздржани и објективни, денес доаѓате во прв план, давајќи им оригинални совети на блиските или нови идеи на своите претпоставени. Сепак аспектите говорат дека можеби тие ќе бидат позатворени од обично и ќе имате тешкотија да дојдете до разбирање. Потребна ви е итна трансформација!

РИБИ: Сега ви е потребен такт и трпеливост – не може сè одеднаш да се стори! Застанете кога треба да се застане и продолжите кога ќе добиете зелено светло од претпоставените. Ако сакате совет пријатели, еве еден: постапувајте мудро и флексибилно и ќе ја надминете потенцијалната финансиска криза! Стрпете се.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]