Сончево, попладне променливо


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево, попладне променливо облачно и студено со услови за локален дожд, а на повисоките места и планините за снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе придонесе за прочистување на воздухот по котлините.

Утринската температура ќе се движи од минус три до два, а дневната од 12 до 21 степен.

Во Скопје слично време, претпладне сончево, попладне променливо облачно и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до 16 степени.